Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени.„Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа беше долгогодишно барање…
Вечерва на програмата на Охридско лето во црквата Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк. Менезес прв пат гостува во Охрид. Тој по првата проба воодушевен од просторот каде ќе настапи, но и од гостопримливоста на Охриѓани.„Црквата е прекрасно и во неа се чуствуваме прекрасно. Звукот е фантастичен. Убаво се чувствувавме додека свиревме во црквата, многу сме среќни за тоа. Откако ја добив поканата почнав да гледам и да вршам истражувања за сам…
Трпејчани два дена останаа без вода. Проблемот е сериозен посебно земајќи го во предвид фактот дека тоа се случува во екот на туристичката сезона, реагираат мештаните на оваа елитна туристичка населба. Тие се револтирани и поради како што велат немање слух кај надлежните трајно да се надмине проблемот кој се повторува. Дел од нив се охрабрија и пред камерата на ТВМ јавно проговорија. „Во кажувањето од водовод, наводно водоводната линија не била добро споена. Проблемот се жалаат дека е поради струјата немало добар напон му спаднале моторите што неможат да уклучат. Тука тртеба да се презема д…
Денес е Чист Понеделник, со кој за православните верници започнуваат големите Велигденски пости.
Денешниот ден Чист Понеделник е ден во кој според традицијата се чистат домовите, а посебно се обрнува внимание да бидат чисти садовите за јадење.
Верниците посебно чисти треба да се чуваат за време на велигденските пости, бидејќи се подготвуваат за најголемиот празник, Велигден.
Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили. Тој е сила во давање отпор во духовната немоќ за да се постигне врвната цел на христијанскиот живот. Велигденските пости или светата четириесетница се најд…
Конечно, во охридскиот пазар јајцата и млечните производи се продаваат во затворен простор. На отворен простор, според законските прописи, повеќе не е дозволено да се продаваат јајца и производи од животинско потекло. За запазување на прописите градски пазар обезбеди просторија во која се дислоцираа тезгите за продажба на овие производи, информира в.д. Виолета Цепенкоска. „ Просторијата е на околу 30-тина квадрати и ги задоволува моменталните потреби од закупците. Понатака во рамките на нашите можности ќе ги подобруваме условите кои сега се минимално технички. Има вода, санитарен ја…
Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски.„До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка, ако имате некоја к…
Две лица се обиделе да украдат делови од макета на околопно возило тенк од Мауцкер. Неофицијално прво со оксиген ја исекле макетата од оклопното возило на делови, за потоа да се обидат ги украдат истите. Обидот за кражба во СВР го пријавил чуварот на депонијата на Мауцкер со која стопанисува ЈП Охридски Комуналец.„Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови при доаѓањето на нашите претпоставени на работа забележани се делови од исечени тенкови и бидејќи тоа не е понатака во наша надлежност известен е секторот за внатрешни работи за понатамошна постапка“, вели Елена Скрческа директ…
Од 1 јуни постапката за издавање на одобренија за градба е исклучиво по електронски пат. Во секторот за урбанизам во општина Охрид, по месец и половина од законските измени не пристигнало нити едно барање. Следствено на тоа општината нема издадено одбренија за градби по електронски пат. Сите барања кои не се поднесени по електоронски пат по први јуни се неважечки и ништовни и од секторот постапуваат само по барањата поднесени пред 1 јуни, информира Митко Трпкоски, ИТ администратор во секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој. На прашањето каде ја лоцираат …