Малиот плоштад кај некогашната библиотека ќе се гради со германски средства. Од Секторот за ТЛЕР велат дека идејата за овој проект дошла одкога воспоставиле контакти со преставници на општината на градот Визмар од СР Германија кој истотака е заштитен од УНЕСКО и има сопствен фонд за финансирање на мали проекти кои изнесуват од 10 до 12000 евра и тоа за реконструкција и заштита на стари споменични јадра или простори.Локалната од овој фонд планира да извлече 12000 евра а целокупниот проект чини 18 183 евра. Останатите пари ќе ги даде локалната, вели Горан Мицковски од Секторот за ТЛЕР.Мицковс…
Познати победниците на 27от традиционален, меѓународен атлетски маратон, Охрид 2013. Лајош Берец од Унгарија беше најдобар помеѓу 29те атлетичари од повеќе земји.
Тој, триесеткилометарската патека од граничната караула кај Свети Наум до Охрид, ја истрача за време од 1 час, 42 минути и 37 секунди. Македонија имаше свој атлетичар на пиедесталот. Со време од 2 часа, 3 минути и четири секунди, Зоран Саздов се пласираше на третото место. Во женска конкуренција пак, првото место и припадна на атлетичарката од Црна Гора, Слаѓана Перуновиќ. Таа, со време од 1 час, 58 минути и 31 секунда беше убед…
По репрезентативната пауза плејофот во ракометната лига продолжува овој викенд. Во Охрид во недела доаѓа македонскиот шампион и двократниот европски шампион ракометниот колектив Вардар. Иако имаат големо име за противник гладијаторите ветуваат дека не излегуваат со бело знаме.
Гостувањето на ракометниот клуб Вардар секогаш бил спорски настан во Охрид. За жал в недела , поради пандемијата и рестриктивните мерки на трибините во спортската сала Билјанини извори ќе изостане традиционалниот пречек за шампионот на македонија. Скопскиот клуб е една од ретките екипи која е фаворит во Охрид иако се…
Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина.
„Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не смее да лаже ако сака да има…
Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев. „ Ние не добиваме риба редовно. Зошто…
Вечерва на градскиот плоштад и официјално беше затворено 46 тото Балканско првенство во Едрење. Познати се балканските шампиони кои изминативе денови од 2 па се до денес 07 септември, 200 едриличари од 6 балкански држави во 9 класи си ги одмерија силите. Во класата Фин првото место го понесе бугаринот Димитар Вангелов, на второ место се најде турчинот Џем Гозен а трет беше бугаринот Анастас Петров. Во класата 470 за мажи првото место им припадна на романците Бујор Роска и Михаи Фагарасан, второто место за турците Серген Биричиоглу и Емре Хасбај и на третата позиција на оваа класа припадна …
Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро.
Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо. „Планирани се две трки, во зависност од временските улсови, чекаме да видиме дали ќе биде даден стартот, затоа што во…
Пливачкиот инструктор, спасувач и авантурист, Јане Петков од Сандански, соседна Бугарија во водите на Охридското езеро ќе се обиде да направи еден несекојдневен, необичен и пред се екстремно опасен подвиг. Петков ќе се обиде со врзани раце и нозе, а потоа вовлечен и повторно врзан во вреќа да преплива цели три километри почнувајќи од плажата Горица 1 до градското пристаниште.
Ваквиот подвиг не е новина за Петков, бидејќи тој веќе има пливано со врзани раце и нозе. Тој ни раскажа како тоа за прв пат се случило, но и која е тајната за да се успее во еден ваков несекојневен подвиг.„Кога кажав …