Исклучително успешна 46та отворена Балканијада во едрење, Охрид 2013

Охрид за прв пат се јавува како домаќин на ова натпреварување. За догодина, најавуваат нови подвизи.

 |  Мишел Наумоски  | 
edrilicari
едриличари

Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро.

edrilicariСпоред прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо.

„Планирани се две трки, во зависност од временските улсови, чекаме да видиме дали ќе биде даден стартот, затоа што во моментов ветерот не е доволен за да може до крај да се изедрат тие трки. Ако има можност за една тка, ќе се изедри само една трка, инаку со вчерашниот ден, со сите трки што се изедрија во вчерашниот ден можеме да кажеме дека минимумот што беше потребен за да биде успешна Балканијадата, е остварен.“-вели претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев.

EFMЕдриличарската федерација на Македонија за наредната година има уште поголеми планови околу популаризацијата на едрењето.

„ Можно е догодина да организираме и европско првенство. Тоа е само една мала најава, бидејќи од досегашните разговори со  меѓународните судии што се тука, ги исполнуваме словите, прво требаше да се почне, да се направи првиот чекор, да се организира најнискиот натпревар, Балканијадата, за да може Меѓународната едриличарска федерацлија да ни додели и натпревари од повисок ранг, како што е европското првенство, па здравје боже може и некое светско да направиме.“-рече Ставрев.

Инаку 46то Балканско Првенство во Едрење како најголема манифестација некогаш одржана на Охридското Езеро денеска во 20:00 часот ќе биде затворено на градскиот плоштад во Охрид каде ќе бидат доделени награди за годинешните балкански шампиони.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top