Во рамки на одбележувањето на “Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Општината и Советот со купување прехранбени производи се вклучија во акцијата што Локалната ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства од градов.„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Охрид да се вклучат што е можно по масовно во оваа хуманитарна мисија заедно со службите на Црвен Крст или индивидуално да ја поддржат кампањата за борба против гладта, и на тој начин сите ние да …
По повод 140 години од упокојувањето на Дичо Зограф, МПЦ, односно Дебарско-кичевската епархија организира Меѓународен научен собир. Митрополитот Дебарско – кичевски г-дин Тимотеј истакна дека преку научниот собир салкале уште повеќе да се расветли големото црковно уметничко дело на познатиот и голем македонски зограф Дичо Крстевич Зограф од Тресонче, на просторите на Македонија со посебен акцент на Дебарско- кичевската епархија. Г. Тимотеј додаде дека огромно е значењето на овој зограф посебно за Дебрско – кичевската епархија бидејќи неговите први и завршни творби се пронајдени во струшко …
Државниот санитарен инспекторат од понеделникот врши интензивни контроли во фирмите во кои има повеќе од 100 вработени за да провери дали набавиле апарати за електрошокови, односно дефибрилатори што е предвидено со Законот за здавствена заштита кој стапи во сила од први јуни минатата година. Според него здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла. Доколку немаат казните се високи. За правно лице изнесуваат од 1800 до 2200 евра, а за ф…
Едукација за општинската јавната администрација преку која ќе се подобрува нејзината ефикасност и ефективност. Преку оваа обука која ја спроведува Британската амбасада се нагласува потребата на изнаоѓање на постапки, методи и алатки кои ќе овозможат проценка и подобрување на квалитетот на јавниот сектор и кавалитетот на услугите кои администрацијата има ја дава на граѓаните.„На мое лично задоволство и Охрид е една од трите општини во Р Македонија, кои се вклучени во пилот програмите за имплементација на алатки за инструменти за управување со кавлитет, како што е заедничката рамка за проценк…
„Пливајќи од Сараиште према Свети Јон крстон, а тоа е линијата кога од брегот првпат ќе го здогледате крстот на Свети Јован Богослов-Канео и гледајќи ја сета таа убавина, гледајќи како пред мене излегува покривот од Св. Софија, па покривот на Св, Врачи, па камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта и на крај ти излегува пред очи покривот на Св. Константин и Елена, гледајќи ги двете калиња на кои се распослал Охрид, сите тие куќи, улици, јалици, маѓерија, сватив дека таму се кријат тајни за кои сум слушал од моите тетки и баби и си реков морам да напишам книга. Во тој жежок јулски ден се род…
Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесе за развој на туризмот во овој регион, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Општина Ресен.
Патниот правец Ресен Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај во зимските месеци од 15 Ноемрви до 30 Март. Сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна. Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот.
Денес, 16 ти октомври е светски ден за борбата против гладта. Годинава под мотото „Помислете на нас“, охридските училишта како и неколку поголеми маркети, во соработка со Црвениот Крст, Локалната самоуправа активно се вклучија во одбележувањето. Акцијата воглавно се состои во собирање на прехранбени намирници, наменети за ранливата категорија на граѓани. Анета Јованоска од Црвениот Крст Охрид вели дека списокот на лицата кои побарале помош од нив е загрижувачки и дека бројката надминува над 500. Додава дека сепак барем еднаш годишно прават напори оние на кои им е тоа најпотребно да добија…
Општина Охрид, согласно законот за локална самоуправа и статутот на општина Oхрид, до 26 ти ноември треба да ги комплетира советите на Урбаните заедници. Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот, а истите првично започнаа да се комплтираат во 2010 год. Но по мали недоразбирања поинтензивно со изборите за работните тела на Урбаните заедници се продолжи на 14 октомври. Советите имаат од 3 до 8 членови. „Она што е најинтересно за јавноста е зошто застана целата оваа псотапка? Само да потсетам, минатата локална самоуправа започна според законските обврски за избор на челеновите, но од ра…