Охрид дел од глобалната акција за борба против гладта

Охрид дел од глобалната акција за борба против гладта. Целта е да се активира целокупната заедница преку донирање на прехрамбени производи како би им се помогнало на сограѓаните во социјален ризик. Црвениот Крст од Охрид прави напори пакетите со намирници да завршат онаму каде се најпотребни.

 |  Николоска Биљана  | 
namirnici
намирници

uceniciДенес, 16 ти октомври е светски ден за борбата против гладта. Годинава под мотото „Помислете на нас“, охридските училишта како и неколку поголеми маркети, во соработка со Црвениот Крст, Локалната самоуправа активно се вклучија во одбележувањето. Акцијата воглавно се состои во собирање на прехранбени намирници, наменети за ранливата категорија на граѓани. Анета Јованоска од Црвениот Крст Охрид вели дека  списокот на лицата кои побарале помош од нив е загрижувачки и дека бројката надминува над 500.  Додава дека сепак барем еднаш годишно прават напори оние на кои им е тоа најпотребно да добијат социјален пакет со намирници.  Денес во О.О.У „Св Климент Охридски“, се сортираа производите кои ги донираа децата и персоналот од училиштето.

ucenici„Сме задоволни од акцијата веќе сме некаде кон средината бидејќи ние и претходната недела бевме на терен. Акцијата продолжува и понатака, во моментов ги примаме донациите од училиштата во градов, голема благодарност за соработката со сите исто така и за поддршката на Локалната самоуправа која максимално не поддржаа во соработката со училиштата. Навистина благородно е дечињата уште од мали нозе да ја почуствуваат хуманоста да знаат дека некому помагаат“.

Директорот на училиштето потенцира дека секогаш се расположени да помагаат на лицата на кои тоа им е неопходо. Тој пријатно е изненаден од хуманоста на учениците.

„Учениците сами изразија желба, гледаме разни продукти самоиницијативно ги носеа производите сакајќи да помогнат на оние на кои им е потребно тоа. Ги подржуваме сите акции од овој тип“.

Учениците пак точно знаат на кој начин допринесуваат вклучувајќи се во акцијата по повод одбележувањето на неделата против гладта.

rada socКако што е добро познато од пред три години и државата со свои мерки помага во борбата со гладта, преку отварањето на народните кујни. Во Владиниот ланец од 36 кујни припаѓа и општина Охрид. Според Радмила Кевереска од Центарот за Социјални работи, храна од охридскта народна кујна користат 33 семејства, односно 80 порции, лица од категориите на корисници на социјална помош и постојана парична помош. Таа додава дека храната е одлична и дека секој месец списокот кој го доставуваат до народната кујна се менува.

„Правиме контроли често пати во тие контроли да ја контролираме и храната. Но сепак има членови кои не земаат редовно храна, таквите ги испишуваме од списокот и на нивно место ставаме други, кои се корисници на социјална помош и се во социјален ризик“.

Во рамиките на одбележувањето на неделата против гладта, покрај собирањето на прехрамбените намирници се изведуваат повеќе активности со иста цел, меѓу кои, претставата која ќе се одржи во петок во центарот за култура, хуманите писма кои се испратени во 200 фирми од нашиот град, како и продажбата на вредносните бонови од 20 денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top