Окт 6, 2020

Културолошката иницијатива „ 5 до 12“ во акција за донирање на компјутери

Стотици деца особено од многудетните семејства во Охрид  и околината се соочуваат со недостиг на компјутери. Сите тие имаат потешкотии за учење од далечина. Затоа младите охриѓани покренаа акција за донирање на компјутери  за социјално ранливите категории. Културолошката иницијатива  „ 5 до 12“  започна со собирање на користени електронски уреди ,  кои ќе се донираат  на учениците кои немаат  можности да следат онлајн настава.   „ Да се соберат што повеќе  и да се помогне приоритетно онаму каде што е  најпотребно бидејки има семејства со неколку деца каде ниедно дете нема лап топ  или ко…

Окт 6, 2020

Почина 11 годишниот Илче од Охрид

Синоќа починал 11годишниот Илче од Охрид  во Специјаниот завод  Демир Капија каде од скоро беше штитеник. Момчето кое имаше ретка дијагноза, беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека детето починало ненадејно.„Со жалење информираме дека единаесетгодишниот И.В. синоќа ненадејно почина во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија, во село Корешница, Општина Демир Капија. Детето беше примено во Групниот дом на 7 август ова…

Окт 6, 2020

Георгиески, беше дел од 81та сесија на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на UNECE

Денес, градоначалникот Константин Георгиески, беше дел од 81. сесија  на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на УНЕЦЕ. Покрај градоначалникот на Охрид, свое учество зедоа и градоначалници од повеќе градови од Европа и Балканот, Северна Америка,  Централна Азија и Кавказ. Овогодинешната тема на форумот беше „Активностите на градот за одржлива иднина“.Градоначалникот Георгиески во своето обраќање се осврна на активностите што Локалната самоуправа ги презема во создавање на одржлива животна средина, инвестирањето во разеленувањето на градот, како и инвестициите во прое…

Окт 6, 2020

Се укинува PCR тестот за Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Владата на денешната седница одлучи државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да влегуваат во земјава без ПЦР тест. Во овие земји и македонските државјани исто така ќе може да влезат без да приложат негативен ковид тест. Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври.„Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое, до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходни…

Окт 6, 2020

Во музичкото школо за индивидуалната настава ќе има физичко присуство на ученици

  Во основното музичко училиште Методи Патче настава ќе посетуваат 325 ученици во учебната 2020 -2021 година. Имавме голем интерес за упис на нови ученици и запишавме 53 ученици во прво одделение, информира директорката Емилија Маринова. Музичкото училиште доби согласност за изведување на индивидулната настава со физичко присуство за учениците од 2 до 9 одделение, а за теоретските предмети предавањата ќе бидат он лајн од 1 до 9 одделение, напоменува Маринова. „Запазени се сите протоколи со индивидуалната настава и немаме реални проблеми. Професорите работаат со по еден ученик. После секој…

Окт 6, 2020

Службата 194 доби современо возило и опрема

Охридската итна медицинска помош доби современо амбулантно возило и софистицирана медицинска опрема. Возилото е донација од европскиот проект „Безбедни градови за срцето“ со прекугранична соработка на охридските ЈЗУ Здравствен дом и Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања и рехабилитација Св. Стефан со градовите Тракија и Каламарија од Република Грција. Амбулантното возило има најсовремена опрема и за градот е од многу голема важност при интеревенциите за спасување човечки животи кога секоја минута е драгоцена, напоменува д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ Здравствен дом. Преку…

Окт 6, 2020

РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ – Најновото стендап шоу на Никола Тодороски

Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Ни…

Ное 10, 2021

Жена касната од домашно куче сопственост на охриѓанец

На 09.11.2021 во СВР Охрид, Т.П.(20) од Охрид пријавила дека во близина на плажата „Горица”, била касната од куче сопственост на Б.Г. од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top