Велгошти конечно ја доби долго посакуваната градинка за своите најмали. Денес беше официјалното отворање на прилагодената и приспособена градинка во други просторни услови, а во рамки на основното училиште „Живко Чинго“. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, со отворањето на градинките во Лескоец и Велгошти, општина Охрид станува пример за општина која работи во насока на подобрување на постоечките капацитети.„За помалку од две недели, ова е втора градинка во други просторни услови која што ја отвораме во општина Охрид и јас би сакал да се заблагодарам на подршката на…
Закупците на тезги во охридскиот пазар се во неизвесност. Со најавите за изградба на современ градски пазар меѓу тезгаџиите се почесто е прашањето каде ќе биде организиран привремениот пазар. Тие ги искажуваат своите претпоставки која би била најдобрата локација каде што ќе ги продаваат своите производи. Пазарџиите и граѓаните имаат свои желби и претпоставки за тоа каде е најдобро времено да се организира градски пазар. Пазарџиите се за локација кај новата автобуска станица, а купувачите се за пазар во центар.Една од локациите за која во моментов се нагаѓа дека ќе биде избрана е сегашниот …
Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија.„Издаени се плажите дефин…
Во сабота (27 март) Comodita Home го отвора најновиот продажен салон во Македонија, во Охрид. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на Булевар Туристичка бр. 79, спроти Охридска банка.
Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 2999 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи, прекривачи за кре…
Невладини организации од Македонија и соседна Албанија заеднички ќе ги зајакнуваат капацитетите за изработување на проекти по стандардите на Европската унија. Овој проект е дел од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации-СЕГА вели дека има се помалку капацитет кај институциите за подготвување на квалитетни предлог проекти, и токму тоа е мотив за работилниците кои тие ги организираат како дел од овој проект.„Овој проект се однесува суштински на давање на поддршка на невладините организации во градење …
Децата со посебни потреби многу малку се вклучени во општествените процеси во државава, велат дефектолозите. Проф. Д-р Зора Јачева, раководителот на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје вели дека уште од 1998 година започнале преку проекти да се борат со предизвиците наметнати од овој горлив проблем. Она што било лоцирано на терен е дека наставниците немале соодветна едукација за работа со вакви деца. Поради тоа заедно со трите ресорни министерства, министерството за здравство, образование и труд и социјала во иницијалното образование внесле задолжителен предмет, …
Интернацоналното собрание на национални оператори од земјите членики на светската фондација за еколошка едукација се одржува во Охрид. По тој повод видни гости од цел свет, екологисти и научници кои ја промовираа еколошката програма ги посетија градинката Јасна Ристеска и основното и средното училиште Св. Климент Охридски. Охридските образовни институции кои континуирано работат на зголемување на еколошката свест ќе можат да користат средства од европски фондови. Градинката во еко проектот е вклучена од 2009 год. „Цртежите на тема екологија постојано се присутни во нашата градинка, а имам…
Останува неизвесна судбината околу изградбата на црквата Св. Димитрија во Октиси, струшко. Судбината на овој верски објект беше доведена во прашање кога пред нецели два месеци жителите од муслиманска вероисповед спречија да се изврши осветување на темелите и покрај укажувањата на православните верници од селото, дека тоа место е црковно и нема да отстапат од намерата за подигање на Божји храм. Во врска со ова прашање досега се остварени повеќе средби со митрополитот дебарско-кичевски г- дин Тимотеј, струшкиот градоначалник Зијадин Села како и со струшкиот муфтија Селим Салиу, но без конкрет…