Окт 25, 2013

Ќе се прошири каналот „Студенчишта“

Државниот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, при денешната посета на Охрид, најави проширување на каналот во делот со кој располага кампот за обука на вода. Тој воедно нагласи дека со општина Охрид имаат добра соработка која треба да се продлабочи.„Ќе имаме можност да поразговоарме со војниците кои што се тука сместени, да ги погледнеме условите во кои тие живеат и  работат се разбира да погледнеме што е она што ние како министерство за одбрана може да го направиме за овие луѓе во наредниот период да ја зголемиме понудата на овој камп и секако како министерство да дадеме…

Мар 25, 2021

Нов предизвик за ГРК Охрид

Распоредот во ракометниот плејоф диктира охриѓани да одиграат уште еден гостински натпревар против директен конкурент за едно од првите четири места во лигата. Гладијаторите ќе се обидат да го изненадат РК Пролет, екипа која два пати ја совладаа во регуларниот дел од лигата.  „Не очекува тежок натпревар против Пролет во скопје. знаеме за каква екипа се работи и дека се силни на свој терен и каде бодови тешко се освојуваат.Но секако ние со една позитивна енергија и атмосфера ќе дадеме се од себе да направиме позитивен резултат и да ја прекинеме серијата од два порази.“- вели  Јагош Брауновиќ…

Окт 25, 2013

Ќе им се отворат ли вратите на децата со посебни потреби

Родителите на децата со посебни потреби од Охрид бараат да се отвори специјална паралелка во Основното училиште Григор Прличев. Во неа под надзор на обучено лице би учеле нивните деца кои моментално посетуваат настава во редовните паралелки, но според нив тоа не е вистинското решение поради состојбата во која се наоѓаат. Директорката на ова училиште Силвија Мојсовска вели дека е запознаена со оваа иницијатива и во целост ја подржува. Таа објаснува дека моментално во училиштето учат 23 деца со посебни потреби кои заслужуваат еден поинаков третман и работа со стручно лице. Ние не бараме да се…

Окт 25, 2013

Во Коселска река рибокрадци недозволено ловат плашица и Охридска пастрмка

Со недозволен риболов од Коселска река  големи количини  плашица и охридска пастрмка завршуваат во  фрижидерите на рибокрадците. Најчесто рибата се лови ноќе со мрежа и кепче  укажуваат жители кои живеат покрај реката и се сведоци за недзоволеното  ловење. Во овој период  со намалување на температурата на водата во Охридското езеро плашицата влегува на зимување и по храна во Коселска и Сатеска река, но таму и прети уништување од несовесни риболовци, вели Радован Димитриески од СРД „ Св. Апостол Петар“, концесионер на  речниот слив на Охридското езеро. За да се откријат и казнат рибокрадците…

Окт 24, 2013

Во Македонија приватниот и професионалниот живот тешко се усогласува

Современиот начин на живот, брзото темпо и се подолгото работно време, влијаат врз општествениот, семејниот и љубовниот живот. Во трката за профит или егзистенција луѓето се помалку време имаат за семејството и социјализирање. Таа појава не ја заобиколува и нашата земја.  Слободан Антовски претседателот на УНАСМ  вели дека македонците тешко жонглираат со работните обврски, семејниот живот, и други интереси во слободно време доколку воопшто го имаат.„Ние како синдикат мора да се обидуваме и да бараме начини како тоа да биде во краен случај ова што се води како пропаганда за прогресија на фам…

Окт 24, 2013

Демолиран штабот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Искршени стаклата на влезната врата и прозорците. Вака осамна утрово штабот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. Успесите на Владата и Локалната самоуправа на некој не му се допаѓаат. Ваков е коментарот на првиот човек на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, по синоќешниот настан на ул Димитар Влахов.  Михаилов најостро го осуди ваквиот вандалски чин, како и начинот на кој според него се поттикнува или манифестира политичка борба во државата.„Би сакале да изразиме длабоко разочарување од насилниците кои што пробаат на ваков начин да предизвикаат политички тензии кои во минатиот период во Охрид ги немало…

Окт 24, 2013

Зголемување на енергетската ефикасност со европски пари

Само 55 проценти од вкупното производство на енергија во земјава се задоволува од домашни извори, додека 45 проценти се увезуваат од странство. Ова е само еден од интересните факти кои неоспорно говорат дека енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија не се приоритет во нашата држава. Ова ќе се обиде да го промени Македонскиот центар за енергетска ефикасност кој е лидер на проектот за прекугранична соработка со Албанија токму во областа на енергетската ефикасност. Тие сметаат дека и двете земји се соочуваат со истите предизвици. Целна група на нивниот проект се мали…

Окт 23, 2013

Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари

  Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста. Тоа е наша законска обвртск…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top