Демолиран штабот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Демолиран штабот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Непознат сторител синоќа ги искршил прозорите на влезната врата и стаклата од останатите простории.

 |  Николоска Биљана  | 
stab vmro
штаб вмро

Искршени стаклата на влезната врата и прозорците. stab vmroВака осамна утрово штабот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. Успесите на Владата и Локалната самоуправа на некој не му се допаѓаат. Ваков е коментарот на првиот човек на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, по синоќешниот настан на ул Димитар Влахов.  Михаилов најостро го осуди ваквиот вандалски чин, како и начинот на кој според него се поттикнува или манифестира политичка борба во државата.

„Би сакале да изразиме длабоко разочарување од насилниците кои што пробаат на ваков начин да предизвикаат политички тензии кои во минатиот период во Охрид ги немало. Бараме органите кои што се задолжени за докажување на вакви инциденти најбрзо што можат да го решат овој вандалски чин и вандалите и насилниците да бидат осудени. Очигледно е дека насилниците сакаат да предизвикаат проблеми таму каде што ги нема и очигледно е дека сакаат да поттикнат и покажат дека борбата против корупцијата, криминалот, борбата со која што оваа Влада и оваа Локална самоуправа настојува да го подобри животот на граѓаните на некого му смета“.

stab vmroБорбата против деструктивните сили кои очигледно не и го посакуваат најдоброто на земјата како и на Охрид продолжува, нагласи Михаилов. Вандалите можат да прават што сакаат, но ОК на ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните кои им ја дадоа довербата без оглед на сите закани и инциденти, потенцира претседателот на охридскиот огранок на владеачката партија.

Од СВР велат дека вандализмот е дело на еден непознат сторител кој со тврд предмет го предизвикал оштетувањето. Настанот утрово бил пријавен во полиција од партиски членови. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека екипите излегле на лице место и бил направен увид. Додава, дека секторот ги презема сите потребни оперативни мерки за идентификација на сторителот.

Loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top