Од 22.00 часот (28.03.2021) до 05.00 часот (29.03.2021) констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Откриени значајни пронајдоци на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко поле. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид во досегашните истражувања на двете локации од овој локалитет утврдиле повеќе значајни наоди, и тоа делови од градежни структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии од 12 метри должина и 7 метри ширина. Во официјалното соопштение од Завод и музеј стои дека: „Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика изграден…
Потенцијалот на земјодеството во југоисточна Европа сеуште неискористен, сметаат европските синдикати од областа на агробизнисот. Според генералниот секретар на европските синдикати од агробизнисот, Харолд Виденхофер, земјоделските производи доживуваат вистинска потрошувачка експлозија во моментот, и токму поради тоа, смета дека Брисел и Европа мора да размислуваат во насока на помагање на регионот на југоисточна Европа познат по квалитетните и еколошки земјоделски производи, бидејќи во моментот тоа не се прави во доволна мера. „Ако ги земеме предвид глобалните прашања и дискусии кои сега с…
Охриѓани ги средуваат своите градини. Тоа може да се забележи и по депониите од зелен отпад кои никнуваат на секое ќоше во градов. Проблемот со несовесните граѓани кои постојано фрлаат ѓубре каде и да им се присака постои и никако да се надмине . А рецептот за мини депонија е добро познат – доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека не се преземе нешто, поминува извесно време и не ретко од некоја мала депонија никнува голема, за која треба време да се расчисти. За е…
7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, значаен историски датум беше одбележан со одавање почести на жртвите паднати за слободата на градот. На свечената седница беше одржан историски час на кој Никола Стефаноски, потпретседателот на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, се наврати на значењето на 7-ми Ноември. Потсети на 40- тината млади борци кои своите животи ги положија за слободата.„Заедно да го споделиме споменот во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое треба да го паметиме и да не го заборавиме“, им порача на присутните во своето обраќање Стефаноски.Све…
После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица, веројатно еден од најголе…
Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот. Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на аероседиментното загадување биле поставени кај автобускат станица, кај централната детска …
На веб страната на Министерството за образование и наука објавен конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година.
Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид ќе има место за нови 125 ученици, а слободни вкупно 2578 места за сместување и исхрана на ученици од средното образование, во 18 домови
Согласно здравствениот протокол за справување со COVID-19, во јавните ученички домови во една соба се сместуваат 50 % ученици од вкупниот капацитет на собата и право на сместување ќе имаат само учениците кои имаат настава со физичко присуство или комб…