Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид и Струга од Македонска страна …
Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици.
Книга подарок читателите можат да добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk. „Култура 365“ добила посети…
Националната установа градската библиотека „ Григор Прличев“ конечно ќе се прошири во нови простории. Со одлука на владатата, деновиве библитеката ги доби просториите во кои сега е сместен Фестивалот Охридско лето. Со новите 310 метри квадратни и постечките 320 метри квадратни или вкупна површина од 630 м квадратни ќе се задоволат стандардите кои треба да ги има една современа библиотека, информира директорката на оваа институција Александра Белеска. Со ваквото решение библиотеката ќе добие една просторна целина во кој ќе биде сместен библиотечниот фонд од 160.000 единици книжен фонд, напо…
Со гумени чизми, најлонски кеси на нозете, испокршени коли, зимно време кал и вирови, летно време прашина, вака години наназад живеат жителите на дел од улицата Сирма Војвада. Тие велат дека по ваква улица цела со дупки минуваат секојдневно одејќи на работа, училиште и до болница. Бараат општината да се нафати и да ја асфалтира улицата и потесните улички кои водат до нивните домови. Цветан Андоновски крајно е револтиран од според него неодговорниот однос на надлежните институции за асфалтирање на патиштата. Тој е повратник од Германија и нагласи дека за 40 години колку што живеел во стран…
Изградба на четвороспратен објект на ул Христо Узунов во старото градско јадро е спротивно на основните начела на заштита на културното наследство, Законот за старо градско јадро и Планот за управување со Охридскиот Регион, констатирала Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Комисијата во која членуваат и стручни лица, претставници од НУ Завод и музеј и УЗКН, го разгледала случајот со објектот на ул. Христо Узунов, за кој вчера мирен протест имаа околните соседи, и заклучила дека објектот кој планира да се гради не ги почитува повеќето кри…
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се вклучи во проектот на УСАИД за поддршка на мали бизниси од областа на туризмот. Тие потпишаа меморандум за соработка со директорот на проектот Карл Ларкинс. Целта на оваа соработка е македонските туристички агенции да создадат нови туристички производи кои понатаму ќе ги пласираат на меѓународниот пазар. Во рамките на оваа соработка, стопанствениците од туристичкиот сектор ќе имаат и обука за креирање на производ кој би го пласирале во меѓународната асоцијација за алтернативен туризам. Со проектот се опфатени токму специфичните видови на тур…
Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни.Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте. Оваа година имаше 240 стипендисти, а од наредната година ќе има…
Ќе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени кон дефинирање на локалните екон…