За православните христијани од денес започнува Божиќниот пост. Верниците во следните шест недели, во чест на раѓањето на Господ Исус Христос, ќе се воздржуваат од консумирање на мрсна храна, телесни задоволства и ќе се молат пред Бога. Постите се востановени во рајот , Бог им дал на луѓето забрана да не јадат од дрвотозаз познавање на доброто и злото.Ако тогаш постот им бил потребен на првите луѓе во рајот колку ни е потребен на нас луѓето во ова денешно време , укажува отец Ѓорѓи Блажески.„ Целта на Божиќните пости, но и на останатите пости е очистување на човечката душа и тело. Распнув…
Денес охридските социјал демократи зборуваа за нереализираните ветувања и остварувања на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот на општинската организација на СДСМ Александар Кузески најпрво се осврна на измената на статутот на ЈП Нискоградба. Тој обвини дека од страна на ВМРО – ДПМНЕ направен бил опасен преседан, бидејќи биле избришани неколку клучни критериуми за избор на прв човек на ЈП.„Од вкупно 7 општински јавни претпријатија, само во ЈП Нискоградба се избриша условот за задолжително работно искуство од 5 години при избор на директор, покрај другите услови утврдени со закон и со статутот. По…
Општина Охрид ги проби роковите од Законот за младинско учество и младински политики. Законот стапи на сила во јануари 2020 а до денес општината требаше да формира локален младински совет, да определи службеник за млади и да формира канцеларија за млади. Град кој важи за неславен рекордер во ислелување токму на помладата популација треба да покаже поголема посветеност кон зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики и поттикнување на личен, професионален и социјален развој кај младите, сметаат младински активисти. Треба час поскоро да се формира локален млад…
Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата. Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето училиште се залага за хуманост…
Страшни долгови и блокирани сметки во образованието. Тоа е епилогот од владеењето на СДСМ до април 2013 година, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Сашо Донев од редовите на владеачката партија, нагласи дека граѓаните како податок мора да знаат дека во месец април во моментот кога градоначалникот Никола Бакрачески ја превзеде функцијата, блокираните сметки на училиштата во Охрид по основ направени долгови изнесува над 10 милиони денари.„Деновиве сметката на ОУ “Григор Прличев” е блокирана за дополнителни 9 милиони денари, како резултат на неплатени обврски направени во текот на 2011 и 2012 година. …
Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“. „Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“.На „Мазатар“ садеше и државниот секретар од министерството з…
Такси превозниците во градов се жалат дека има мал број на такси постојки, а голем дел од оние кои се одредени од страна на општината не се функционални. Тие се загрижени поради новите измени во Законот за превоз во јавниот сообраќај бидејќи со нив е предвидено превозникот односно возилото да стои исклучиво на авто такси стојалиште определено од општината и тоа во случај кога е празно, односно кога нема патници или најавен повик за земање патник. Доколку не се почитува оваа одредба следуваат високи казни. Ако два пати исто возило се затекне да е паркирано на несоодветно место тогаш му се о…
Обелоденети имињата на кандидатите за најпрестижната општинска награда Св Климент Охридски патрон на градот. Димче Јанко –копаничар, Димитар Масевски –композитор, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, Спец. д-р. Никола Михајло Филев – вработен во детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, Петар Голабоски од Здруженето на граѓани „Аикидо Клуб Буџин“ Охрид, Проф. Александар Радиќ – Леко, Проф. д-р. Павле Митревски – творец од областа на науката,културата и образованието, Тоде Илиевски – филолог за животно дело во областа на книжевноста, енигматика и проблемски шах, Јордан Манасијески – сликар и …