Денеска со имунизација на граѓани , кои се над 77 години, почнува имунизацијата со вакцината ан „Астра Зенека“, која пристигна преку Ковакс механизмот.
Тие ќе ја примаат вакцината на пунктовите ширум земјата. Во Скопје граѓаните ќе се вакцинираат на три пункта во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“. Денеска првите вакцини ќе ги примаат и граѓани во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и Кавадарци.
Од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија…
За прв пат во Охрид ќе се врши интервенција на периферни артерии на нозе со поставување на стент. Примената на оваа нова метода е голем напредок во интервентната кардиологија вели д-р Никола Бакрачески. Додава дека за таа цел тим од доктори и помошен медицински персонал од Заводот за кардиоваскиларни заболувања бил пратен на едукација во Салзбург, Австрија. Првата интервенција во заводот во Охрид ја демонстрираше реномираниот доктор Ара Угурлуоглу од медицинскиот универзитет Парацелзиус од Салзбург.„Еве денес имавме можност под негова супер визија и заедно со него тим на наши лекари да из…
Револтирани родители на средношколци се жалат од начинот на кој се спроведува бесплатниот превоз за учениците. Велат дека на почетокот од учебната година важеле едни правила, а од пред некоја недела, сосема други. Еден родител кој сакаше да остане анонимен се пожали до Телевизија ТВМ, дека учениците мора да користат точно определени термини за да одат и за да се враќаат од училиште и тоа по еден термин претпладне и еден попладне. Доколку од објективни причини имаат помалку од предвидените часови, тогаш се соочени со изборот или да чекаат на минусни температури, или пак да си одат дома со р…
Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески.- Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа на стопанството и индустријата …
На улицата Кузман Капидан бандера за електрична енергија обвиена со повит и бадемови гранки. Тоа им предизвикува сериозна загриженост на жителите кои стравуваат дека во престојните зимски денови може да дојде до спој и да придизвика пожар. Трајан Ѓоршески жител на оваа улица кажува дека пред три месеци пријавил до ЕВН и сите институции за ваквата состојба, но до денес нема никакво решение.„ Морав да одам да пријавам отидов во електрична, пријавив напишав молба. Нигде. По неколку месеци отидов пак ништо. Во комунално уредување ми рекоа на одмор се, корпата не работи, кај инспекторатот и т…
Охриѓани најдобро знаат што е добро за Охрид. Токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев предлага децентрализација на власта во неколку сфери од општественото живеење, како граѓаните би одлучувале за доброто на општината. Овие пакет мерки доаѓаат со цел да се врати средната класа вели Заев.„ Децентрализација на центрите за социјлни работи. Пренесување на оваа надлежност на општините ќе овозможи тренспарентност во одлучувањето во распределбата на социјалната помош. Општините имаат повеќе и подобри информации од МТСП, за тоа кој се навистина социјално загрозени граѓани, децентрализација …
194 регистрирани лица заболени од ХИВ СИДА во Република Македонија од почетокот на епидемијата од 1987та година па се до денес. Од оваа бројка, 143 лица се болни од СИДА, а 51 лице инфицирани од вирусот. Страшните бројки говорат и за 71 починато лице од оваа болест. За жал, само во оваа 2013та година биле регистрирани 25 нови случаи на ХИВ СИДА во државава.„Во Охрид од 1987 година до денес се регистрирани седум лица како СИДА, од кои шест се заболени од СИДА и починати, а во 2013 година, во последниов период имаме регистрирано едно ХИВ позитивно лице, машка личност, на возраст од 20 до 29 …
Сопствениците на компанијата „Зора“ од Охрид од денеска на протест, поради тоа што им е стопирана изградбата на хотелот во месноста Свети Стефан. 11 години се заглавени во урбанстички лавиринти. Пред три години добиле одобрение за градба, а хотелскиот комплекс е изграден речиси една четвртина. Наместо да добијат одобрение за втора фаза изградбата им е стопирана, со образложение дека треба да чекаат нов план за просторно уредување.
„Ни се загрозува егзистенцијата на фирмата, затоа ние се одлучивме да протестираме од денеска додека се утврди правното решение што понатака. Вчера имавме…