Дек 5, 2013

Високо признание за охридскиот Црвен Крст

Во Црвениот крст во Охрид волонтираат луѓе од 7 до 77 години. Нивниот ангажаман е несебично и доброволно да помагаат на ранливите категории на луѓе без притоа да остварат материјална корист. Волонтерите од охридската организација на Цревениот Крст, денес, на одбележувањето на светскиот ден на волонтеризмот 5 ти декември добија високо признание за особени заслуги во спровдувањето на волонтерските практики. Првиот човек на Црвениот крст од Охрид Сашо Точков, потенцира дека признанието е сосема заслужено бидејќи успеале да анимираат голем број волонтери кои се вклучени во нивната организација …

Дек 5, 2013

Децата од мали нозе учат за здрава исхрана

За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“.  Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед. Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска. Според неа постоја…

Дек 5, 2013

Лавина реакции и контрареaкции предизвика изборот на директор на охридската гимназија

По локалната самоупрaва и ОК НА ВМРО ДПМНЕ денес излезе со прес за  вчерашните обвинувања од страна на ОО СДСМ во врска со причините зошто градоначалникот го врати предлогот до Училишниот одбор Јамандиев да биде директор на гимназијата и поништувањето на постапката за избор од страна на трудовиот инспекторат. Пресот  на СДС од Охрид, вчера  имаше само една јасна причина, да го девалвира законот и институциите во Охрид и Република Македонија. Тоа е препознатлив стил на политичко размислување на СДС, само да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што има индиции за тоа, рече…

Дек 5, 2013

Скијање или голф? Зошто да не и двете!

  Голф во лето, скијање во зима, релаксирање во спа центрите  во сите годишни времиња. Единствена можност која Ви ја нуди групацијата „Бугарија Холидејс“. Луксузот кој го нудат хотелите на „Бугарија Холидејс“ – „Катарино спа“, „Разлог“ и мега ресортот „Пирин голф и кантри клуб“, содржи спа центри, отворени и затворени базени со термална вода, лакониум, фитнес сала, тениски игралишта, голф терени, куглање, билијард и уште многу други анимации за гостите. За љубителите на зимските спортови на располагање им е модерна ски опрема и 70 км. скијачки патеки, до кои брзо и лесно може да се стигне с…

Дек 4, 2013

Предлогот за нов директор на гимназија одбиен поради незапазување на законоската постапка-реагираат од Локалната

Локалната самоуправа со реакција на пресот на СДСМ околу изборот на нов директор на охридската гимназија. Од локалната велат дека градоначалникот ја поништил постапката бидејќи не биле испочитувани законските прописи. Во нивната реакција стои: „Очигледно е дека СДСМ нема ниту намера, а ниту цел да го прифати работење на Општина Охрид и градоначалникот Бакрачески согласно законите и во краен случај, согласно нормалните процедури за работа на менаџер кој треба да раководи со образовна институција каква што е ОСУ”Св.Климент Охридски”. Нивната партиско-политичка празна реторика нема за цел да у…

Мар 31, 2021

23 прекршувања на забраната за движење, 609 санкции за неносење маска

Од 22.00 часот (30.03.2021) до 05.00 часот (31.03.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30/31.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Дек 4, 2013

Д-р Никола Бакрачески и Сашо Симески и официјално избрани кумови за Водици 2014 год

Традиционално и годинава на големиот христијански празник Пресвета богородица Пречиста, избран е новиот кум за празникот Богојавление – Водици 2014 година. Тоа е градоначалникот Никола Бакрачески, кој кумството за големиот празник Водици Богојавление 2014 го сподели со неговиот кум и во приватниот живот Сашо Симески. Честа да се преземе одговорноста за кумството за големиот христијански празник Богојавление – Водици е огромна. Тоа претставува предавање на една од најголемите духовни и хумани вредности со која што може да се закити еден охриѓанец или граѓанин на Р. Македонија, вели Бакраческ…

Дек 4, 2013

Поништувањето на изборот за директор на гимназија-крајно недемократски чин-обвинија од СДСМ

 Охридската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески дека го довел во прашање угледот на гимназијата „Свети Климент Охридски“ со поништувањето на изборот за директор. Од СДСМ велат дека ваквата одлука одговарала на репресивниот стил на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески рече дека постапката за избор на директор на гимназијата од страна на училишниот одбор била легитимна и дека поради тоа, Бакрачески треба да одговори на нивните прашања.„Како ќе ја смените волјата на членовите на училишниот одбор, кој веќе јасно ставија …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top