Дек 7, 2013

Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“

Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“ во Охрид. Натпреварите во овој дводневен турнир ќе се случуваат во двете спортски сали „Билјанини извори“ и салата „Климент Колески“. Учество земаат голем број на дечиња од неколку фудбалски школи од целата држава.„На турнирот учество ќе земат шест екипи, ФК Металург и „Работнички“ од Скопје, ЛГ од Битола, Победа од Прилеп, Караорман од Струга и фудбалската академија „Пандев 10 Јуниор“ од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа од генерацијата 2002 и помлади и од генерацијата 2004 и помлади. Тие денес и утре силите ќе г…

Дек 7, 2013

СВР Охрид го одбележа Денот на превенцијата

Секторот за внатрешни работи од Охрид, денес го одбележа Денот на превенцијата. Според началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски, одделенијата за превенција се значајна форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Додава дека уште од 2008 година полицијата во Република Македонија декларирајќи се како сервис на граѓаните заедно со ОБСЕ ги формирале одделенијата за превенција со што била декларирана основната ориентираност на полицијата кон превентивно работење.„Превентивната функција на полициското работење претставува обид на современата полиција да ги пресретне криминалните однесувања …

Дек 7, 2013

Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах

Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени. Тие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први,  втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на заменик-градоначалникот на …

Мар 31, 2021

Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна

Министерот за здравство Венко Филипче утрово во редовната координација со директорите на Клиниките разговарал за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите. После координацијата Филипче истакна дека здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Тој испрати апелграѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата.

Дек 7, 2013

Тренески поденесе оставка

Тренески поднесе оставка до градоначалникот од функцијата в.д. Директор на ОСУ „ Св Климент Охридски“. Тој наведе неколку причини поради кои се решил на ваков чекор. Според него уште од првиот момент на неговото назначување, се соочил со целосна опструкција од страна на неколку професори, кои минатите години се етаблирале на позиции од кои ја контролирале работата на училиштето. „ Посебно Училишниот Одбор и нивниот претседател, кое како тело и претходно со притисоци постави директор на Гимназијата и се обиде и овој пат да изврши упад врз правните процедури и својот фаворит го предложи и оче…

Дек 7, 2013

О.У. Св Климент Охридски го одбележа својот патрон

„Со моја рака направи без мака“. Вака беше насловена изложбата, односно продажната акција на предмети направени од учениците на О. У. Св Климент Охридски, која што претходеше на големиот настан на ова училиште, приредбата по повод одбележувањето на патронот. Директорот Јордан Пуроски рече дека годинава се потрудиле прославата да биде поразлична од минатата година.„Сите ученици се вклучени во оваа свечена академија исто така проследивме низа активности во текот на неделата со одбележувањето на Св Климент нашиот патрон“. Пуроски нагласи дека наредниов период ќе продолжат нивните ангажмани со …

Дек 6, 2013

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи. Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува дека како објаснување кое…

Дек 6, 2013

Новогодишен гламур и турбо фолк

  Во Охрид, на градскиот Плоштад покрај новогодишната елка ќе биде поставено и лизгалиште на мраз. Новата содржина  ќе придонесе за добра забава  на  охриѓани и  гостите кои ќе допатуваат во градот за дочек на Новата година. Лизгалиштето ќе може да се користи се до празникот Богојавление, открива портпаролот на ЛС,  Томе Џамтоски. „ Постапката е завршена, лизгалиштето ќе биде концентрирано околу споменикот Св. Климент кој ќе биде  заштитен со ограда. Ќе биде на  површина од околу 120 -150 метри квадратни. Преговораме со фирми кои имаат искуство во оваа работа. Корисниците кои немаат реквизи…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top