Жителите на Абас Емин се жалаат дека или газат во кал или голтаат прашина и дека реконструкцијата на улицата се оддолжи. Денеска во градскиот совет информација од општинските служби за тоа кога ќе почне да се работи на горниот слој на улицата побара и советникот Џанер Исмаил.
„ Барам веднаш да се даде налог на било кое Јавно претпријатие да излезат заедно на терен со Фондот за Комунални дејности и да се најде привремено решение за покривање на вировите со кал на Абас Емин. Граѓаните да можат да се движат нормално и да стигнат чисти на работните места. Во овие услови не се живее на таа улиц…
Општина Охрид планира да се задолжи со околу 58 милиони денари за реконструкција на улиците Гоце Делчев и 7-ми Ноември. Советниците беа едногласни по предлог одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2. Оваа точка беше единствена на дневен ред на денешната 49 -та седница на Советот. Даниела Мартиноска Којчиноска, овластениот претставник од стручната адмистрација, даде подетални објаснувања за проектот. Се работи за проект кој ќе го реализира Министерството за фин…
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 608 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Советот на општина Охрид, денес, ја одржа четириесет и деветтата седница со единствена точка на дневен ред Предлог одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2). Советниците едногласно ја прифатија одлука.
По исцрпување на дневниот ред заврши четириесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид.
364 нови случаи на Ковид 19 во нашата земја, нов неславен рекорд од почетокот на епидемијата. Министерот за здравство, Венко Филипче, соопштувајќи ја денешната бројка на позитивни на вирусот кажа дека состојбата се уште е стабилна но дека лесно може да ескалира.
Соопшти дека врз основа на анализите здравствените власти донеле одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на ширење на вирусот.
„Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, односно, се забранува групирање на граѓаните во домовите, слави. Во едно живеалиште стан или куќа, сопствениците…
Денеска се чествува Свети Наум Охридски Чудотворец. Во манастирскиот комплекс се одржува утрена литургија и богослужба.
Учeник на Св. Кирил и Св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици.
Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а Св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeн дeнeс гo укра…
Инспекторите и редарите при Одделението за инспекциски надзор немоќни да се справат со граѓаните кои одлагаат разни видови отпад и прават диви депонии. Во Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има вработено еден Комунален инспектор и 9-мина редари. Тие постојано постапуваат по пријави на граѓани или состојби кои се создваат на терен со депонирање на градежен шут, кабаст отпад и отпад од домаќинства на несоодветни локации, информираат од ЛС. Додаваат, во најголем број од случаите редарите не може да ги откријат сторителите бидејќи истите речиси секогаш го исфрлаат отпадот во но…
Охриѓани бараат активирање на семафорите кај училиштето „Христо Узунов”. Светлосната сигнализација на крстосницата меѓу улиците „Питу Гули” и „Марко Нестороски” во близина на Горна влашка маала е надвор од фунцкија подолг период.
Граѓани од оваа населба се пожалија во рубриката „Ти си твојот град“ и бараат надлежните да ги стават семафорите во функција поради поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Крстосницата е без сигнализација, во училиштето има стотици деца, сите се загрозени. Се плашиме кога минуваат улица. Надлежните веднаш да преземат мерки и да ги стават во функциј…