Дек 28, 2013

„ Децата за Дедо мраз“ претстава за најмалите охриѓанчиња

  Младите актери аматери од детското драмско студио „Мулти култи“ ќе ја даваат претставата „Децата за Дедо Мраз.“ Ерол, Сара, Марија и Леонид се дел од малата група на драмското студио. Тие еден месец интензивно ја подготвувале претствата наменета за најмладите и за нивните врсници. Сите ветуваат добра забава и многу смеа за посетителите на претставата.   Режисер на претставата „ Децата за Дедо Мраз“  е Ташко Лаброски. Во подготовка и реализација учествувале 10 деца членови на аматерското драмско студио. Покрај ова група на најмали аматери, учествуваат и Давор, Илјаз, Даниел, Матилда и Рис…

Дек 28, 2013

Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад

Во моментов од шесте штандови на плоштадот кои општината ги нуди за изнајмување работи само еден. Во него се продаваат рачно  изработени сувенири. Стапивме во контакт со Локалната самоуправа и побаравме одговор каков бил интерeсот за изнајмување на овие типизирани објекти на кои за празниците е предвидено да се продаваат храна и пијалоци. Прашавме дали се изнајмени сите објекти  или нема интерес за останатите  пет штандови.  Од таму информираа дека се издадени пет штандови, а дозволите за работа продавачите ќе ги добијат в понеделник. Останува да се изнајми уште еден штанд за кој пројавила …

Дек 27, 2013

Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот

Децата од Здружението на лица со дијабет тип 1 остврија прием кај охридскиот градоначалник. Здружението постои 4 години и ги опфаќа децата кои имаат дијабет тип 1,  напоменува претседателот на здружението, Зоре Димоска.„ Целта на Здружението е децата да се собираат почесто , да се дружат и меѓусебно д а си помагаат во нивната  едукација како на нив така и на нивните родителите.“ Здружението  остварува разни  активности и има  потреба од помош на заедницата во поддршка на нивните активности. Еден од проблемите кои би сакале да го решат во иднина е просторниот проблем.   Градоначалникот вети …

Дек 27, 2013

Чајaнка со основците од училиштето „Христо Узунов“

Чајнка со  основците од училиштето „Христо Узунов“. Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со учениците од седмо и осмо одделение кои се преставија со свои дела во проза и поезија. Идеата за едно вакво дружење била заедничка бидејќи зимата е период кога повеќе се твори и чита, а се што e напишано добро е да се сподели со публиката и тоа пиејќи топол чај.Целта на овој настан е да го развиеме и поттикнеме овој потенцијал кој несомнено постои кај младите во овој град и конкретно кај основците. Со оваа чајанка ќе придонесиме за да се почувствува празничната атмосфера и …

Дек 27, 2013

Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“

Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на светлосната сигнализација. Ветув…

Апр 2, 2021

Охрид и светот денес го одбележуваат 2 Април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам

Илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот денес ќе се обојат во сино, испраќајки силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. Ќе се одржат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на пољубезен и поинклузивен свет за сите. Со таа цел, Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Lions клубот Лихнидос и компанијата ‘ПАП’ – Охрид го обоија и нашиот град в…

Дек 27, 2013

Децата со посебни потреби од „Доброљубие“, добија новогодишни пакетчиња од ГРОМ

Младите и Унија на жени од Гром, денес ги посетија децата со посебни потреби, кои се згрижени во Дневниот центар Доброљубие во просториите на Црквата Св Ѓоргија Охрид. Како што наближуваат новогодишните и Божиќните празници кај секој од нас се буди желба за дарување и дружење, вели Ивана Кикеска од Унијата на жени.  Додава дека дечињата имаат скромни желби, посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат даваат безусловна љубов и благодарност. Со денешнва акција сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите рабо…

Дек 26, 2013

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги стават во безизлезна со…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top