Јан 2, 2014

Дали повторно ќе се отворат училишните мензи

Топол оброк и здрава храна за децата во основните училишта. Ова го побара советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и развој на децата.Општина Охрид во осн…

Јан 1, 2014

Се роди првото бебенце во Охрид во новата година

Првиот ден од новата година весел, плоден и бериќетен. На гинеколошкото одделение при Општата болница се роди првото бебенце во Охрид. Радоста да биде уште поголема, во одделението на свет дојдоа уште две нови бебенца како и уште едно бебенце родено на истекот од 2013та година. Денес, градоначалникот Никола Бакрачески ги посети четирите среќни мајки и им ја честита Новата година и им подари цвеќе, како и награда од 10.000 денари за првороденото бебе.„Јас сакам да им честитам на мајките, да им посакам бебињата да бидат здрави, живи, весели, радоста да ги следи во тек на целиот живот, успесит…

Јан 1, 2014

Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно

Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат  одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот,  д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во  два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди.„Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати.  Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“ На интерното одделение и…

Апр 2, 2021

Донесена одлука СЦ „Борис Трајковски“ да биде вакцинален центар

Владата на Република Северна Македонија на последната 61-ва седница го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ „Борис Трајковски“ да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија.

Дек 31, 2013

Новогодишен лампион за возачите

СВР пријатно ги изненади возачите. Имено денес на ул Македонски Просветители, полициски службеници застануваа возила со цел да им подарат по еден новогодишен лампион. Дел од возачите беа збунети, но сепак пријатно изненадени. „Триесеттина години сум возач и прв пат пријатно сум изненаден од полицијата, ова не сум го доживеал“. Иницијативата ја покрена портпаролот на СВР – Охрид м-р Стефан Димоски, а ја реализира во соработка со полицискиот синдикат. Воедно тој на сите возачи и туристи кои моментално престојуваат во Охрид им посака многу здравје и успеси на личен и деловен план во престојнат…

Дек 31, 2013

Што очекуваме од Новата 2014 година?

Изминуваат последните часови од 2013та година, година која кај сите ќе остави различен впечаток, година која некои ќе сакаат вечно да ја паметат, но некои и веднаш да ја заборават. Часовникот несопирливо отчукува и ги брои последните минути од годинава, а оние кои досега не помислиле што сакаат од оваа новата, ова е вистинскиот миг тоа да го сторат. Еве што нашите сограѓани очекуваат и колку се оптимисти дека Новата 2014 година ќе биде подобра од оваа во заминување.„Очекувања? Да биде побогата од оваа година, народот да биде позадоволен, и да оди вака како што е, да биде подобра од оваа год…

Дек 31, 2013

Охридското лизгалиште забава, но и опасност

  На лизгалиштето на градскиот плоштад само за една недела интервенирано е триесет и три пати. Во три случаи поради незгоден пад лизгачите се здобиле со скршеници, велат од охридскиот Црвен крст. Од таму бараат сериозно да се пристапи кон овој проблем бидејќи според нивните сознанија секој час на лизгалиштето се случува по некоја незгода.Апелираме во текот на новогодишните празници кога луѓето  ќе излегуваат да уживаат на лизгалиштето да бидат многу внимателни и да ги почитуваат правилата од сопственикот на лизгалиштето. Посебно апелираме до родителите да не ги пуштаат нивните деца доколку …

Дек 30, 2013

Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица

Акцијата на едниницата за спасување  и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со  еден мртов и тројца спасени албански државјани.  Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид.„ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило  со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“Несреќата се случила на 2000 метри н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top