Во Охрид, на Коледа се обновува една заборавена традиција литија која го наговестува Христовото раѓање. Колона од околу 150 деца кои ја сочинуваа литијата утрово тргна од црквата Св. Ѓорѓија и пристигнаа на градскиот плоштад. На чело на поворката децата ја носеа пештерата, која го симболизира раѓањето на Исус Христос. За оваа литија таа специјално изработена од монахињите во манастирот Св Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Децата пееја радосни песни, а носеа фенерчиња, бродови и подароци со што го најавуваа утрешниот голем христијански празник Божик.Марија Ристеска член на организацискиот одбо…
Локалните надлежности во заштитата на животната средина се сериозен проблем кој треба да се решава што е можно поскоро. Законот за инспекциски надзор во животната средина сеуште не е донесен што влијае врз соработката на државните со локалните инспектори. Државниот инспекторат за животна средина ( ДИЖС ) треба да врши надзор над работата на општинските инспектори , но што тоа практично значи ниту еден закон не дефинира, вели Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина. „ Соработката, мрежата на инспектори државни и локални треба добро да се обмисли и да се регу…
Стопирани градежните работи на доградбата на општинската зграда започнати во времето на поранешата општинска власт. Работите беа сопрени уште пред добивање на манадатото на новата власт, напоменува актуелниот градончалник Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека во меѓувреме формирале Комисија која ќе ја испита законитоста на досегашните градежни зафати на објектот. „Ние формиравме Комисија која ќе ги разгледа сите аспекти околу градбата на зградата. Беа вклучени стручни лице од општината и надворешни стручни служби, а се разговараше и со дел од фирми вклучени во изведување на град…
Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа.„Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите кои ги имате предвидено во…
Успешна 2013 година за Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката Драгана Боцеска, вели дека во годината што измина успеале да реализираат бројни проекти, дел со поддршка од Министерството за култура, а дел со сопствени сили.
Балканскиот фестивал, Охридските староградски средби, нови соработки на полето на хорската музика, нови театарски претстави, нов филмски проектор. Сепак според Боцеска, еден проект се издвојува повеќе од останатите.„Ќе го кажам обновувањето на киното „Бавча“ и неговото повторно активирање со УФО фестивалот кој го отворивме летото и повторното заживување на тој…
Градскиот пазар е раздвижен со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, во обид да купат поевтино намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Купувачите забележуваат дека цените на производите по некое непишано правило во очи на празник растат.
Па така, килограм костени чини околу 120 денари, мандарините чинат околу шеесетина, портокалите 3 килограми за 100, краставиците од 100 до 120 денари. Ги запрашавме граѓаните дали ќе потрошат нешто повеќе во очи Божиќ.
„Ако имаш, ќе потрошиш, фала на Бога ќе потрошиме колку што имаме…
Томислав Голејшки Трпев е ново избраниот претседател на урбаната заедница бр 10 Горна Влашка маала. Трпев укажува на приоритетните барања кои ги имаат жителите од една од најстарите градски населби. Во престојниот период наша заедничка потреба е урбано средување на населбата, додава Трпев. Во план имаат реалзиација на повеќе активности, а на листата на приоритети е отстранување на центарот за лекување на наркозависниците.„ Побаравмe дислокација на наркозависницкиот центар што се наоѓа наспроти Ценатрот за социјални грижи и детската градинка Развигорче. Се надеваме дека наскоро ќе биде дис…
Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро.Во една нормална држава со хелихоптер би се извела една ваква акција. Се јави…