Денес општина Охрид на трите семејства кои учествуваа на конкурсот за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ им ги додели наградите. Добитници се Иванка Гигер прва награда, Ристо Димоски втора и Фанија Станкоска трета награда. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, истакна дека оваа активност на Локалната како дел од програмата за одбележување на Нова Година, побудила голем интерес кај охриѓани. Додаде дека тоа е доказ оти сите сограѓани сакаат Охрид за време на празниците да биде запаметен како прекрасно украсен град.„Јас ќе ја искористам приликата да се заблагодарам до сит…
Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите. Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“. Ваквата акција на бесплатно лизгање за осн…
Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П „Градски Пазар“, Тони Коталески.„Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, вели директорот Коталески. Покрај пристапни ра…
Тунтев, Станкоски и Хајба со најголем број излагања, Точко, Здравеска и Петреска без ниту едно излагање во 2013 година. Записниците од седниците на Советот со пропусти, согласно стандардите за водење на записник од седници на Совет на Локална самоуправа.Со цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на граѓаните за работата на Советот на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, Младински Совет Охрид, во периодот април-декември 2013 година ја спроведе 5тата фаза од проектот “Стандарди за одржливост на одговорноста…
Подобар студенстски стандард и задоволување на потребите на студентите, се насоките кои беа следени во реализацијата на зацртаните проекти од страна на раководството на Државниот Студентски Дом “Никола Карев“ од Охрид. Маријан Ристески првиот човек на оваа државна установа, посочи дека зад нив е една навистина успешна година во која како една од најважните инвестиции е реконструкцијата на покривната конструкција, инвестиција која битно допринесе во подобрување на општите состојби во домот решавајќи еден долгогодишен проблем. Но тоа не е се.“По опожарувањето на делови од студентскиот компле…
Јануари – месец богат со празници и славења. Охриѓани во очекување на големиот христијански празник Водици, кој од година во година се по масовно се одбележува во нашиот град. ТВМ неофицијално дознава дека годинава атмосферата пред празникот ќе ја загрее познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ, кој со свој концерт ќе настапи на 17ти јануари во спортско рекреативниот центар Билјанини Извори. Сите љубители на неговата музика ќе можат да уживаат во познатите рефрени.
Сто триесет и двајца охриѓани се вакцинирале за три дена, од почетокот на имунизацијата до денес на пладне против ковид 19. Имунизацијата со вакцината на „ АстраЗенека“ тече без проблеми за граѓаните над 77 години и со хронични болести, напоменува доктор Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци.
„На првиот ден од 70 пријавените пациенти со мој термин се вакцинираа 58 пациенти, вториот ден од 67 пријавени се вакцинираа 47 , а денес од 70 пријавени до пладне се имунизираа 27мина. Засега нема пријавени несакани ефекти.“
Се случува да се одложат некои …
Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна хармонија, мир, разбирање и солидарност. Честитајќи го Рождеството Христово, посакувам Божиќниот дух со ми…