Без решение е проблемот со водоснабдувањето во повеќе охридски села. Жителите пијат нехлорирана и неисправна вода со децении, а трајно решение нема. Жителите или не ги препуштаа водоводите на Јавното претпријатие да стопанисува со водоводите изградени од месното население или пак ЈП немаат економска исплатливост да ги одржуваат. Последниот извештај за квалитетот на водата од ЦЈЗ покажува дека и понатака нема резидуален хлор во водоводот на седум села меѓу кои и во селото Куратица. Месната заедница од ова село, со години бара решение за овој проблем, а од 2018 побарале стопанисувањето со вод…
Антички театар и Долни Сарај пред почетокот на манифестацијата Охридско лето ќе добијат покрив. Фестивалот оваа сезона ќе добие покриени летни сцени на кои ќе се изведуваат музички и балетски претстави, информира директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.„ Проектите се изготвени, тендерските постапки се спроведени. Избрана е фирма и почната е изработката на тие покривни конструкции кои ќе бидат монтирани на две сцени. Со оглед на тоа што работата е започната, до месец мај проектите ќе бидат реализирани оваа година. Денес излезе програмата и двата проекти се одоб…
Изминува половина од предвиденото време во кое охриѓани ќе можат да уживаат во градското лизгалиште, новата забавна содржина на градскиот плоштад.
Уште од неговото поставување на 24ти Декември, во јавноста провејуваа различни мислења, од тоа дали е потребно, потоа дали е одбрана вистинската локација до тоа дека лизгалиштето е вистински погодок и атракција и за домашните, и за туристите. Екипата на ТВМ излезе на лице место па ги запраша што за него мислат оние кои лизгалиштето го користат единствено за тоа…за лизгање. Еве што ни кажаа децата кои ги затекнавме таму.„Тука многу ни е интересн…
Стариот пат Охрид – Струга е во лоша состојба. Тој веќе неколку години е запоставен од надлежните институциии кои се одговорни за негово одржување. Можеби овој патен правец и не би бил толку интересен ако само на неколку километри од Охрид, единствено по тој пат треба да поминете за да стигнете до реномираната и угледна Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Е тука веќе се јавува проблем. Не постои ниту еден сообраќаен знак на влезот од Охрид и Струга, кој ќе ве насочи во правец на болницата. Состојбата е полоша во ноќните часови бидејќи нема никакво осветлување. Први…
Никола Љушкоски три години живее во селото Куратица без струја. Тој по 50 години живот во Сан Франциско, САД решил пензионерките денови да ги помине во родното место. Куќата почнал да ја гради во 2008 година , а сега во неа живее три години и не може да добие приклучок на струја. Живее на светло од свеќи, без фрижидер и телевизор. Вели дека на негова возраст живечката без електрична енергија е тешка. Љушкоски во меѓувреме поставил соларна енерија, користи и плин, набавил и агрегат ама сето тоа не доволно, струја си е струја, вели тој. Најтешко му е во овие зимски денови кога денот е кра…
Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство.„Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено што може добро да го…
Новото раководство на Јавното претпријатие „Градски пазар“ најави дека за скоро време ќе се објави тендерот за јавно-приватно партнерство за изградба на долгоочекуваниот нов, модерен, затворен пазар во градов. Директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески, информира дека е веќе разрешена и ситуацијата со нерешените имотно-правни односи на земјиштето на кое ќе се гради пазарот, и дека веќе испратиле барање до Владата на Република Македонија за добивање на право на користење на тоа градежно земјиште.„Потребната планска документација за изградба на пазарот е веќе завршена, одобрена е и фи…
Од 22.00 часот (04.04.2021) до 05.00 часот (05.04.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.