Со црковна молитва, запалени свеќи и традиционалното сечење на светисавскиот колач, денес, припадниците на заедницата на србите во Охрид и Македонија го одбележаа својот светец-заштитник, Свети Сава. За организацијата и одбележувањето на овој најголем празник за српската заедница се погрижи српско-македонското друштво „Коштана“ од Охрид.„Во различни градови различно го празнуваат, на пример во Скопје го одбележаа вчера, во Битола го прават неколку дена однапред како „Светисавски бал“, а ние со традиција, сите седум години го славиме како слава, Свети Сава, ние србите што сме тука и сите наш…
Црвен крст Охрид упатува апел за крводарување до сите кои ја извојуваа битката со COVID-19 да им помогнат на оние кои во моментов се борат со вирусот за својот живот. 8Луѓето кои се излекувани од COVID-19 инфекцијата, во нивната крв имаат супстанци наречени антитела кои се способни да се борат со вирусот затоа нивната плазма е драгоцена во борбата со истиот.
Кој може да дарува конвалесцентна крвна плазма?
Лица оздравени од инфекција COVID-19 кои ги исполнуваат стандарните услови за дарување (да немаат акутна или хронична болест, да се на возраст од 18 до 65 години, телесна тежина над 55 к…
Само цврста гаранција на Градежната Фирма Трудбеник може да ги куртули охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка во наплата на долг кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Првиот човек на АД Цветко Грозданов спремен е да направи мал попуст или повлекување доколку фирмата Трудбеник гарантира дека во одреден временски рок ќе го плати долгот кон АД, но не и да се откаже од заземањето на становите како дел од единствениот имот на Трудбеник со кој може да се подмири долгот.„Би сакал да ги убедам граѓаните кои што се засегнати во овој проблем дека тенденц…
Македонскиот ММА тим избори место во елитната професионална Европска ММА лига. Ова големо европско натпреварување за прв пат се формира годинава, а дел од него ќе бидат и нашите борци.
Според координаторот на Македонскиот ММА тим, Марјанчо Лазарески, оваа европска лига ќе значи и огромна можност за анонимни борци да дојдат до израз и да добијат соодветно признание.„Ние успеавме да влеземе во првите 16 земји. Учествуваат само 16 земји, а не влегоа земји како Русија, Грција, Бугарија. Ние успеавме да влеземе под нашето уставно име, Република Македонија. Тоа е најголемиот успех. Најголема засл…
Пет стана на охриѓани на ул „Карпош Војвода“ заглавени во имотно правен спор кој се води помеѓу АССДП од интерес на РМ и АДГ Трудбеник. Како што кажаа засегнатите станари неколку месеци наназад живеат под закана за присилно иселување на како што велат, еден крајно некоректен и дрзок начин од страна на извршителот Душан Филиповиќ. Тие тврдат дека становите се нивна приватна сопственост и целосно се откупени од Трудбеник за што ја имаат потребната документација. Тие порачаа двете страни да си го решат спорот без непотребно да ги инволвираат фамилиите од 5 те спорни станови.„Проблемот тргна о…
Охридските велосипедисти од „Екодром“ најуспешни во земјава. На ранг листите на македонскиот велосипедизам „Екодром“ е најуспешен во планински велосипедизам, четврт во друмскиот и шести во велокрос. Во планинскиот велосипедизам екодромци освоија златни пехари во сите категории. Севкупно се освоени 8 пахари, 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени. Во планински велосипедизам, клубскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци, во категоријата У23 злато освои Христијан Николовски. Во јуниори злато за Јован Јованоски и кадети злато за Новица Велјано…
Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид изработија Андроид апликација за „паметни телефони“ за потребите на компанијата „Техномаркет“ . Денес најдобрите тимови на студенти имаа презентација на своите проекти. Дел од нив велат дека им било задоволство да работат на овој проект и да стекнат ново искуство на полето на Андроид развојот.
Беше предизвик за нашиот тим. Ни одзеде околу месец и половина за изработката. Вложивме напорна работа, не беше лесно, но се надеваме дека трудот ќе се исплати. Тоа што го изработивме е Андроид апликација, р…
Општина Дебрца ќе урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација. Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот развој, потенцира градона…