Националната установа Библиотека „Григор Прличев“, денес, со еден свој несекојдневен проект, му укажа достојна почит на големиот великан на охридската, македонската и светската литература, Григор Прличев. Во рамките на одбележувањето на 6ти Февруари, беше промовирано аудио ЦД на кое се запишани досега малку познати детали од животот на Прличев се до објавувањето на неговата монументална поема „Сердарот“.„Цеде-то е многу квалитетно изработено, изработувач беше Славчо Спростран и веднаш штом прифати да го направи, да го изработи, јас бев сигурна дека ќе добиеме квалитетен производ. Цеде-то не…
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека наредната недела треба да биде објавен тендер за субвенционирани авио летови од Охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Станува збор за проект кој градските власти долго време го најавуваат. Тоа за почеток се однесува за летовите до Северна Италија, Цирих, Виена и Љубљана.„Доколку добиеме зелено светло од антикорупциска комисија со оглед на тоа што сега влегуваме во еден изборен период и доколку добиеме зелено светло во текот на наредната недела ќе објавиме тендер за субвенционирање на летови. Се надевам дека авио компаниите кои пројавиј…
Нов повик за волонтери. Мировниот корпус како владина американска агенција денес во Охрид одржа презентација со која на сите наставници, заинтересирани училишта, НВО и околните општини им понуди можност да дознаат како треба да аплицираат за волонтер. Линдита Реџепи која во Мировниот корпус е ангажирана како асистент за програма и обука ги појасни програмите по кои што делуваат волонтерите, односно Американците кои во Македонија доаѓаат на волонтерска основа.„Мировен корпус во Р. Македонија има две програми едната програма е за развој и унапредување на наставата по англиски јазик втората пр…
Денес беше положено цвеќе на бистата на големиот македонски и охридски поет, Григор Прличев. Претставници од локалната самоуправа, институции, уметници и почитувачи на делото на Прличев му оддадоа почит на охридскиот великан. Пред неговата биста беше одржана и литературна беседа од страна на претставници од охридското Друштво на писатели. Чествувањата на Прличев продолжуваат во текот на целиот ден, со презентација на ЦД-то „Сердарот“ во рамките на НУ Библиотека „Григор Прличев“, како и Прличевите беседи и славењето на патронатот на ОУ „Григор Прличев“.
{loadposition content9}
Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош.
Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид. Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се појават, од срцеви, мозочни удари, ангина пекторис, астматични напади. Според на…
Пропаѓа куќа изградена во типична староградска охридска архитектура во Стар град во сопственост на установата НУ Завод и Музеј. Од ден на ден се распаѓа Куќата на Момирови и се препушта на забот на времето, а установата која треба да го заштитува матријалното културно наследство покажува негрижа за објектот. Куќата со распаднат кров, разрушени тавани и искршени прозорци е на самиот влез од Горна Порта, во непосредна близина на Античкиот театар. ТВМ од 2015 година, навака од НУ Завод и Музеј бара одговор на прашањето дали ќе го спречат руинирањето на објектот. Најчестиот одговор кој го добив…
Вечерва во спортската сала „Биљанини извори“ во охрид започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“.Со одлука на Кошаркарската федерација на Македонија, спортската арена „Биљанини извори“ од 6-ти до 9-ти февруари ќе биде домаќин на овој извонреден спортски настан за сите љубители на кошарката.{loadposition content9}
Повеќе од една година Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, систематски се уништуваат од страна на вандалите и покрај напорите кои Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги прави за зазеленување на тротоарите од оваа многу прометна улица. Службите на Комуналец, во неколку наврати ги обновуваа искршените садници, но повторно на самиот почеток од годинава, 5-6 стебла беа искршени. Оние садници кои успеаа да ја преживеат претераната „грижа“ на вандалите, беа дополнително фиксирани за потпорни дрвени столбови.
Но, по се изгледа и тоа не беше доволно за спас на младите садници. Само оние граѓани кои во ле…