Фев 12, 2014

Неизвесно дали липата ќе ја снема од охридските улици

  Охридските дрвореди ќе се кастрат, а трулите стебла ќе се сечат. Наскоро , според програмата на Локалната самоуправа за 2014 година ќе ги уредува алеите на улиците Булевар Туристичка, Јане Сандански, Партизанска, Димитар Влахов, Македонски Просветители, Кеј  Маршал Тито, Каналот Билјанини извори, Марко Цепенков и Асном. На сите овие дрвореди ќе бидат обработени околу 2378 стебла. Приоритет во средување на стеблата ќе имаат дрворедите на улицата Јане Сандански, Партизанска и Македонски Просветители, напоменува општинскиот портпарол Томе Џамтоски.  Општинската комисија за сечење на дрва на…

Фев 12, 2014

Граѓаните ќе се учат на комунален ред со спроведување на казнени мерки

Комуналните редари ќе работат во две смени. Потребата од оваа нова пракса се наметна поради тоа што дел од граѓаните не го почитуваа редот и динамиката кој го спроведува  ЈП „Комуналец“, вели директорката Елена Скрческа. Таа објаснува дека соработката на „Комуналец“ и општинскиот инспекторат е на завидно ниво и се што се прави е со цел зачувување на животната средина.Нашите граѓани се плашат од казни и ако упорно не се придржуваат треба да има двосменска работа на комуналните редари така да имаат некој страв дека навистина  ќе ги фати некој инспектор да одложуваат смет онаму каде што не тре…

Фев 12, 2014

Нашиот Охрид во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та

Македонскиот и светскиот бисер, нашиот неповторлив Охрид се најде во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та година. Дали Охрид ќе ја понесе престижната титула се одлучува со гласање доколку ги посетите сајтовите globalgrasshopper и hotel.info кои важат за едни од највлијателните веб портали за патувања. За Охрид можете да гласате на порталот hotel.info, а директен конкурент на нашиот град е унгарскиот Егер. Globalgrasshopper во описот на Охрид  напишал: „Охридското езеро е еден од најубавите предели во Македонија, па не нè изненадува што е најфотографираното место и тоа е бла…

Фев 12, 2014

Демонтиран еден од билбордите кои беа запленети од УЈП

Во текот на вчерашниот ден беше демонтиран еден од рекламните билборди, кои се поставени на Бул.„Туристичка“.Ова е само еден од неколкуте рекламни билборди кои се поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град, а на кои веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети.Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама. Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“ , но ова претставува…

Фев 11, 2014

Инфо средби со млади невработени лица во Општина Охрид

Центарот за вработување во четврток, во општинската зграда ќе одржи средби со млади невработени лица. Во насока на зголемување на информираноста на младите лица со можноста за вработување преку Оперативниот план за активни програми и мерки, Центарот за вработување од Охрид  во четврток  (20 февруари) во големата сала при Општина Охрид со почеток во 11 часот, ќе одржи информативни средби со млади невработени лица до 29 години.На средбата ќе бидат промовирани три главни теми: Активни програми и мерки за вработување, мобилна апликација и отворање на инфо клубови. Се апелира до сите  регистрира…

Фев 11, 2014

МТЦ: Наводите на ОО СДСМ Охрид се целосни невистини

  Министерството за транспорт и врски најостро реагира на денешната прес-конференција на општинската организација на СДСМ Охрид. Изнесените наводи дека „од страна на државата било откупено земјиште за 10 милиони денари блиску до охридскиот аеродром, иако тоа земјиште не може да се искористи за проширување на аеродромот, со што на претходните сопственици, партиски војници, роднини и пријатели на претставници на власта им се подариле 162.600 евра…“ се целосни невистини, реагираат од Министерството.Земајќи го фактот дека експропријацијата за која на оваа прес-конференција информираат СДСМ е …

Апр 9, 2021

Претставници од сродни институции во посета на охридскиот завод и музеј

На почеток на месецов во работна посета на Охрид и Завовд за заштита на на спомениците, Завод и Музеј Охрид престојуваа Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерџани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција. Гостите имаа можност да ја посетат светски познатата Галерија на икони и црквите Св. Богородица Перивлепта и катедралата Св. Софија. Притоа, во меѓусебните разговори им беа презентирани актуелните програмски активности на институцијата, како и дел од активностите во минатото, …

Фев 11, 2014

Нема испраќање пакети по шофер на автобус без лиценца

Автобуските и такси-превозниците доколку во иднина сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град ќе мора да извршат поштенско лиценцирање.  Тоа е следната фаза од кампањата што пред две години ја започна Агенцијата за пошти со цел искоренување на нелегалниот пазар на поштенски пратки испратени по автобус или со такси. Од агенцијата велат дека се наметнала ваква потреба поради тоа што  нелегалниот транспорт на пратки  преставувал нелојална конкуренција на лиценцираните фирми. Најголемиот авто превозник во градов  АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање. Сите знаеме дека возачите тоа го …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top