Фев 15, 2014

ВМРО Народна бара јавното осветлување да остане во општински раце

Локалната самоуправа сама да ја изврши промената на стандардното улично осветлување во градов наместо тоа да се прави по пат на јавно-приватно партнерство. Ова беше предлогот со кој денес на прес конференција излезе претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски. Според него, нелогично е профитот од наплатата на јавното осветлување наместо во општината, да оди кај приватен партнер.„Ние мислиме дека барем во ова нивно објаснување дека ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за 50 проценти со овие нови сијалици, кои трошат помалку енергија, и во наредните 7 до 10 го…

Фев 15, 2014

Започнуваат бесплатните курсеви за матурантите

  Од денеска во  Отворен граѓански универзитет, “Кузман Шапкарев“ започнуваат бесплатните курсеви  за подготовка за државна матура кои Општина Охрид врз претходно донесен правилник ги додели на ученици од социјално ранливите семејства. Иако вакви бесплатни курсеви општината обезбеди за 30 ученици, на претходно распишаниот конкурс се пријавени 23 деца. Согласно наставната програма за полагање државна матура, приоритет во курсевите имаат предметите по македонски јазик, математика и англиски јазик.     Ранг листата можете да ја видите тука.

Фев 15, 2014

OO СДСМ: На Плаошник се случува атак врз најсветата и најзаштитената локација во Охрид

  На  Плаошник се случува атак врз најсветата и најзаштитената локација во Охрид. Се издигаат на неколку спрата бетонски чудовишта кои го сквернават и девстираат вековниот духовен простор , обвнинуваат охридскте социјал-демократи за градбите на  овој простор. Комплексот ќе содржи 23 објекти, а треба да се заврши до 2016 година и државата ќе ја чини 24 милиони евра. Надлежните кажуват дека тука ќе функционираат факултети, институти, библитеки, галерии, но без конкретни податоци за овие најави, кажа претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев.„ Никој ништо не знае  никој , никој ништо не кажува….

Фев 14, 2014

Дефект на кујнски аспиратор презивика пожар во стан

  Дефект на кујнски аспиратор предизвика пожар во стан во зградата на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран над просториите на фирмата „АМЦ компјутери“.Од охридската територијална противпожарна единица информираат дека пожарот избил претпладнево во кујна. Огнот започнал од кај инсталацијата на кујнскиот аспиратор. Пожарникарите навреме интервенирале  и спречиле поголема материјлана катастрофа. „ Успеавме веднаш да го изгаснеме, при што не е причинета поголема материјална штета“, информираат од дежурната противпожарна служба.Од територијалната противпожарна едница и дирекцијата за зашт…

Апр 9, 2021

Донација од кислородни маски за охридските ковид центри

Градоначалникот на Општина Охрид Др Константин Георгиески, оствари работна средба со директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балески. На средбата градоначалникот Георгиески и директорот Балески разговараа за моменталната состојба со ковид 19 во охридската болница и за изградбата на кислородна станица до модуларната ковид болница . Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на директорот на ЈЗУ Општа Болница во оваа пригода му врачи донација “Охајо” кислородни маски кои се неопходни во лекување на пациенти кои што се на кислородна поддршка, додека маските беа обезбедени преку С…

Фев 14, 2014

Оригами и гипсени фигури се продаваа за Св. Трифун и Денот на вљубените СВ Валентин

Мали проекти за големи цели гласеше денешната хумана акција на волонтерите од Црвениот крст Охрид. Вредните раце на младите луѓе изработиле најразлични оригами и  гипсени и глинени фигури обоени во знак на денешниот ден на љубовта и виното, на Св Трифун И Св Валентин. Украсите се продаваат по симболична цена, а собраните средства ќе бидат употренени во  хумани цели, вели Ивана Мирчевска една од волонтерите на Црвен крст Охрид.  „ Денешната активност е со цел да се помогне на еден од 9-те проекти кои ги работиме во изминативе 4 месеци. Гипсените фигури ги креиравме ние волонтерите сами, сред…

Фев 14, 2014

Десет години празни ветувања

На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница.Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба,  не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не се решени овие горливи пр…

Фев 14, 2014

Поставени нови столбчиња на пешачките острoви на Бул.„Туристичка“

Уништените препреки на дел од пешачките острови на двата најфрекфентни булевари заменети со нови. Веќе извесно време овие препреки беа уништени во целост, состојба која ја  злоупотребуваа возачите, посебно таксистите па така често преку тие острови недозволено преминуваа од едната на другата страна на улицата, со што ја загрозуваа безбедноста на учесниците ов сообраќајот.Од Локалната Самоуправа тогаш за ТВМ изјавија дека се запознаени со проблемот. Портпаролот Џамтоски најави дека во најкус можен рок односно на 06. и 07. февруари ќе бидат поставени нови столбчиња на местото на уништените. П…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top