Охридската капетанија започна да ја применува одлуката за воведување ред во „дивеењето“ на скутерџиите по охридксите плажи.
Охридската капетанија започна да ја применува одлуката за воведување ред во „дивеењето“ на скутерџиите по охридксите плажи.
Од стапувањето на одлуката на сила до денес се поднесени 17 пријави вели капетанот Љупчо Настоски. Викендов инспекциските служби имаа полни раце работа. „Вчера во координирана акција на капетанијата, Царинската управа и езерската полиција беа затекнати 8 скутери кои ја прекршија одлуката вели Капетанот Љупчо Настоски. Во акцијата, Царинската управа и одделението за оперативни работи во струшкиот дел на крајбрежието запленија и еден хидроглисер вели капетаното Настоски. Во земјава се регистрирани 175 скутери потенцира Настоски и најголемиот број од нив пловат во Охридското езеро. Капетанот додава дека одлуката не важи за помалите видови скутери со јачина до 45 киловолти. Скутери се пловните објекти кои превезуваат максимално 3 лица или имаат јачина на погонот од 45 киловолти појаснува капетанот Настоски.
Со забраната, скутерите не смеат да пловат во езерските води од 11 до 18 часот до 20 август. Казните за несовесните скутерџии се изрекување глоба во висина и до 300 евра.
На охридските плажи, годинава се евидентирани два инциденти предизвикани од скутерите, а нивното „дивеење“ на капалишата ги вознемирува капачите и преставува вистинска опасност по нивните животи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град