Охридските ракометари викендов забележаа уште една победа. Тие на домашен терен со 30-22, (12-9) на полувреме го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.
Охридските ракометари викендов забележаа уште една победа. Тие на домашен терен со 30-22, (12-9) на полувреме го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.
Охридските „гладијатори“ викендов го одиграа својот најдобар натпревар во Супер лигата. Тие во спортската сала „Атина Бојаџи“ забележаа уште една победа, овојпат над ракометарите од РК „Прилеп“. И овој пат главна одлика на играта на охридските ракометари беше силната одбрана збогатена со разновидноста во нападот. Оваа петта победа сезонава им донесе на охриѓани сигурно место во горниот дел од табелата, кое води во разигрувањето за титулата.
Пад во играта на охридските ракометари можеше да се забележи само кон крајот на првиот дел од натпреварот кога прилепчани и единствено може да се рече дека им беа рамноправен противник, но тоа го искористија само да го намалат водството. Одбраната на чело со голманот Кирил Колев (16 одбрани) беше непробојна, а нападот предводен од Горан Печенковски (8 голови) нерешлива енигма за гостите. Епилогот од синоќешниот натпревар беше реузлтат од 30-22, (12-9) на полувреме. За охриѓани ова беше втор триумф на домашен терен инаку петти вкупно сезонава во суперлигашкото друштво. Радовиш пак, на домашен терен го победи Пелистер со резултат 26 наспрема 25.
Повеќе од евидентно е дека Охрид сега има вистински претставник во Супер лигата на најпопуларниот спорт во државата, ракометот. Покрај феноменалната поддршка на „Рибарите“ на охридските ракометари сега им е најпотребна масовната поддршка од охридската публика. Билет по симболичнацена од само 30 денари и не е многу за возбудата која ќе ви ја приредат нашите ракометари и за афирмација на охридскиот спорт.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град