Четврти ден од отпочнувањето на протестот, членовите на самостојниот синдикат за образование, наука и култура не отстапуваат од своите барања и штрајкот продолжува.
Четврти ден од отпочнувањето на протестот, членовите на самостојниот синдикат за образование, наука и култура не отстапуваат од своите барања и штрајкот продолжува.
Сепак, стравот и притисоците кај дел од нив денес кулминираа во гимназијата. Штрајкувачкиот одбор поднесе оставка. Со соопштение ги повикуваат учениците на настава, а од друга страна и понатака ги подржуваат барањата на синдикотот.
Во ова средно училиште во тек е избор на ново претседателство. Од општинскиот СОНК велат дека не го прифаќаат соопштението на наставниците без целосен потпис со кое ги повикуваат учениците на настава , а лиферувано во медиумите. Љубомир Јанкулоски претседател на општинскиот СОНК додава дека секој би можел да даде таков потпис без да се наведе цело име и презиме.
Претставници од СОНК зад камерата на ТВМ потврдуваат дека има пристисоци врз членовите на синдикатот. Од средните и основните училишта се бараат списоци со имиња на професори кои штрајкуват и на оние кои не го подржуваат протестот. Но, членовите на синдикатот не отстапуваат од своите барања.
„Очекуваме од Владата реално да ја сфати ситуацијата, некои работи да не се придодаваат и да се најде компромисно решение со кое ќе ќе бидат задоволни и едните и другите“.
Од СОНК велат продолжуваме со штрајкот и настава нема да има до исполнување на нашите барања. Доколку не се изнајде позитивно решение ќе се оди со протести, а градинките нема да ги прифаќаат децата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град