Пациент во Св. Еразмо Охридски почина од изгореници

Неподвижен пациент на возраст од 51 година од струшкото село Радолишта, рано утрово во 1 и 15 минути, со цигара се запалил во специјалната болница за ортопедија и трауматологија  Св.Еразмо Охридски.

 |  Валентина Нелоска  | 
Sv Erazmo Ohridski
Св.Еразмо Охридски

Sv Erazmo OhridskiНеподвижен пациент на возраст од 51 година од струшкото село Радолишта, рано утрово во 1 и 15 минути, со цигара се запалил во специјалната болница за ортопедија и трауматологија  Св.Еразмо Охридски.  Пациентот починал од здобиените изгореници во пределот на главата, информираат од болницата. Болничкиот персонал забележал чад од собата каде што бил сместен  пациентот, и кој ја делел со уште двајца пациенти.Реагирале веднаш и го локализирале пожарот кој ја зафатил перницата каде што лежел пациентото , за да не се прошири на одделението, изјави д-р Митко Тилев, директор на Св.Еразмо Охридски. При тоа тој се здобил со тешки изгореници на главата и веднаш и починал.

Пациентот бил сместен во болницата пред три години. Имал одземеност на долните и горните екстремитети и форма на  тешка менатлна ретардираност.

Телото на починатиот  е предадено на обдукција и  со истрагата ќе се утврди точната причина за пожарот и неговата смрт.  Директорот д-р Митко Тилев изјави  дека во меѓувреме во болницата покренале внатрешна истрага за случајот, но официјално ќе се произнесат по затварање на истрагата од страна на истражните органи.

Од Св.Еразмо Охридски која во земјава има  статус на високо реномирана болница  жалат за несреќниот случај.

Инаку,настанот се случил на машкиот оддел за тешки форми на оддземеност на кој се сместени 40 пациенти. За нив се грижат двајца лекари, една медицинска сестра и двајца болничари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top