Оваа сезона Вевчани очекува туристи

Вевчани  и оваа сезона  очекува  туристи. Планинската природа, бројните излетнички места, манастири, летничките езера и Вевчанските извори се магнет за гостите. Општината започна со изработка  на видео спотови за промоција и привлекување на туристи од поголемите градови во земјава.

 |   | 

 Прекрасната планинска природа во Вевчани е идеална за одмор и рекреација,  но и за почитување на здравствените препораки. Вевчани има малку сместувачки капацитети, а со тоа и можност да се избегнат гужви.
 Познатите излетнички места  Јанков Камен, летничките езера,  манастирот Свети Спас, магичните надалеку прочуените Вевчански извори, пешачките планински патеки, тениските игралишта,  но и позната ергела на коњи се магнет за туристите.

-„Баш овој туризам во помали групи нас тука во Вевчани ни договара бидејки имаме помал број на капацитети и така се расцепкани и баш препораките за дистанцирање и помали групи би ни договарало во овој момент“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Ввчани.

Таргет годинава ќе бидат туристите од поголемите градови од земјава. Да ги избегнат градските гужви и да се одморат,  а воедно и изолитраат во чистата планинска природа.

-„Да ги привлечат туристите од поголемите градови  да летуваат во нашиот регион Охрид, Струга Вевчани каде има убавини во изобилство во помали групи бидјеки и летово нема да е дозволено големи групи и  масовен туризам да има и хотелите ќе работат со ограничени капацитети“, додава Јанкоски.

Општината веќе изработува  видео спотови за промоција на бројните убавините на Вевчани и чистата еколошка природа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top