Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“.
Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“.
Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката на градинката информира дека централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со работа на 12-ти.
„Персоналот цело време ќе биде на работа со тоа што ќе работи покрај со згрижување на дечињата и со подготовка на педагошката документација и евиденција како и на самостојинни работилници кои ќе ги изведуваат вработените во градинката“, вели Костоска.
Директорката упати апел до родителите без двоумење да си ги носат децата во градинка, бидејќи условите кои се нудат и покрај ваквите временски услови се идеални. Кога ќе бидат отворени другите објекти пак, ќе зависи од зголемувањето на бројот на децата, обајснува Костоска.
„Во моментов се направени сите потребни опремувања и затоплувања на објектите, постојано на децата им се даваат топли чаеви покрај основните оброци кои им следуваат. Згрижени се во топли простории во кои покрај што работи парното вклучени се клима уредите и дополнителни грејни тела со цел условите односно температурата да ги задоволи потребните нормативи“ вели директорката.
Штетите кои снегот и мразот ги направија на зелените површини од објектите се санирани благодарение на кризниот штаб кој е формиран од вработените од градинката во координација со службите од ЈП„Охидски Комуналец“, истакна Костоска. Таа упати и апел кон сите сите родители коишто досега не ги имаат измирено долговите за престој на дечињата во градинка да го направат тоа во најскоро време со цел на децата да им се овозможат најдобри и поквалитетни услови за престој и храна.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град