Оваа година најмасовно Разиграно оро во Охрид

Народните носии на 60 ансамбли од 16 земји ќе го обојат овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал „Разиграно оро“. Рекордните 2500 учесници ќе ги претстават своите земји на најмасовниот фестивал од ваков вид на македонско тло. Отворањето на фестивалот е закажано за 2ри Јули во магичната атмосфера на античкиот театар.

 |  Мишел Наумоски  | 
razigrano oro
разиграно оро

razigrano oroФестивалот „Разиграно оро“ од година во година се претвора во една од најмасовните манифестации во земјава. За овој тренд да продолжи и понатаму ќе се погрижат најавените 2500 учесници, кои претставуваат 60 ансамбли од 16 земји. Тие ќе бидат сместени во хотелите на охридската ривиера, почнувајќи од Амбасадор, па се до Десарет. Овогодинешното „Разиграно оро“ е подготвено, единствено го чека својот официјален почеток.

„Околу припремите како што реков веќе е завршено се. Програмата е на 1ви Јули пречекот, на 2ри е свеченото отворање. Годинава сакаме тоа да го направиме на антички театар затоа што толкава бројка немаме локалитет каде да ги сместиме и мислиме дека ќе биде спектакуларно отворањето. Фестивалот ќе го отвори градоначалникот Александар Петрески, така да се надеваме дека ќе биде навистина на ниво.“-рече Зоран Симјаноски-секретар на фестивалот „Разиграно оро“

Минатите години фестивалот броеше околу 900 учесници, оваа година бројот на учесници се зголеми скоро 2 и пол пати. „Навистина е импозантна цифрата, и самите ние како организатори не се надевавме на толку голем одзив“ – вели Симјаноски

razigrano oro„Последните 15, 20 дена веќе и ги одбивавме групите што сакаа да учествуваат затоа што навистина мислам ќе се пробиеше бариерата каде што можеме квалитетно да ги услужиме, квалитетно да ги примиме во нашиот град. Мислам дека тоа е презентација за самиот град. Тука се некаде околу 10.000 ноќевања, же има што да видат, програмата ни е составена, прекрасна програма. Имаме значи разгледување на градот, посета на Свети Наум, забави навечер, настапи на плоштадот, така да целокупно мислам дека сите гости ќе бидат задоволени.“-додаде Симјаноски

На овогодинешното „Разиграно оро“ ќе учествуваат сите земји од поранешна Југославија, потоа Бугарија, Турција, Кипар, Полска, Русија и Словачка. Претставниците на земјите учеснички ќе продефилираат по Охридската чаршија и стариот дел на градот, со што публиката ќе може поблиску да се запознае со традиционалните носии и други етно обележја на овие земји. Настапите и оваа година традиционално ќе се одржуваат на градскиот плоштад, пред споменикот на Свети Климент. Организатор на овој фестивал е охридскиот Ансамбл „Филиграни“ со голема поддршка од локалната самоуправа. „Разиграно оро 2011“ започнува на 1ви јули, ден резервиран за пристигнување на гостите, официјалното отварање е на 2ри јули на Антички театар, а фестивалот ќе трае до 5ти Јули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top