„Ова не е шега“ – апелира Филипче до граѓаните

Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа од денеска се воведува кризна состојба  поради коронавирусот, откако таму се откриени четири нови случаи на заразени со Ковид-19.

 |   | 

Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа од денеска се воведува кризна состојба  поради коронавирусот, откако таму се откриени четири нови случаи на заразени со Ковид-19. Се работи за лица кои биле во контакт со  брачниот пар повратници од Италија.  Со тоа вкупниот број на заразени од коронавирусот во Северна Македонија се искачи на 13 лица, но се очекува отпуст на првозаболената пациентка, која веќе не покажува симптоми на болеста. Севкупно, во изолација во моментов се 45 лица.  Во регионот на  општините Дебар и Центар Жупа  ќе биде ограничено движењето, , соопшти  министерот за здравство Венко Филипче. Во погодениот регион е упатен тим на епидемиолози кои ќе ја анализираат состојбата.  „Ова не е шега!“, порача уште еднаш Филипче, апелирајќи до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките и мерките кои ги преземаат надлежните.“
„Ова не е шега. Луѓето мора да сфатат дека ова е за нивно добро. Радикалните мерки ги презедовме откако видовме дека тие носат резултати во Кина и Италија“, рече Филипче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top