Ова лето „Сите во Охрид“

Ова лето „Сите во Охрид“. Авалон продукција на  „Охрид колинг 2018“ носи светски хаус ѕвезди во нашиот град. Локалната продолжува со концептот преку културни настани да привлекува што повеќе посетители и Охрид да живее цела година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид и ова лето ќе е центарот на културните збиднувања. Авалон продукција на „Охрид колинг 2018“ носи светски имиња во нашиот град. На Илинден настапува една од најактуелните светски хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер Џек Џонс. На 1ви Август настапувааат Димитри Вегас и Лајк Мајк, а Армин ван Бурен доаѓа на 4ти Август.

Важно ми е што во Охрид конечно има луѓе со кои се разбираме и со кои имаме иста цел а тоа е Охрид да биде нешто повеќе за Македонија и пред се културните настани и музичките настани да бидат на едно светско ниво за кои некои други тиристички центри еве како што на пример е Халкидики може само да сонува, вели Бобан Милошоски-Авалон продукција.

Со вакви атрактивни имиња Охрид дефинитивно прераснува во водечка регионална дестинација на електронската музика и се очекува да пристигнат околу 2000 посетители од цела Европа.

Луѓе носат луѓе. Наша основна идеа е колку можеме повеќе да ја продолжиме туристичката сезона и Охрид да живее 365 дена во годината. Ја продолжуваме приказната која започна лани и наша основна идеа е да го направиме Охрид колку што може повеќе да биде жив. Охрид колинг е многу важна приказна која се надеваме ќе продолжи и понатаму, Илија Пиперкоски- пиар на Локална самоуправа.

Пиперкоски кажува дека Локалната продолжува со концептот „Сите во Охрид“ кој се покажа како успешен за време на зимскиот период. Тој потенцира дека соработката со Авалон продолжува и ќе се продлабочува па во иднина можно е да се донесат и други звучни имиња во градов кои ќе привлечат публика од целиот регион, но и пошироко.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top