Реконструирани таваните во основното училиште „Кочо Рацин“. По барање на родителите, заради штетноста на таванскиот материјал, Локалната самоуправа за помалку од еден месец направи реконструкција на девет училишни тавани. Додека траеа градежните зафати учениците без прекин посетуваа настава во зградата на подрачното училиште во Горно Лакочереј, информира Серафим Наумоски од одделението за образование при Локалната самоуправа. „Армстронот се замени со нов материјал, а се вароса и целата училишна зграда.“
Директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата Радојца Новичиќ, Соња Спасеска, ги наведува идните нивни приоритети. Покрај континуирано подбрување на квалитетот на воспитно образовниот процес, се води сметка и за осовремување на условите за работа во училиштето. Досега се изведени низа активности во таа насока почнувајќи од оградувањето на училишниот двор, заменети прозори, поставена подна изолација и парно греење, а престојат и работи кои треба да се реализираат во наредниот период. Се планира реновирање на санитарните јазли, замена на кровната конструкција и изградба на повеќе од потребна спортска сала. Училиштето аплицирало со документација и влегло во владиниот проект за изградба на 145 спортски сали и се очекува во наредниот период да зпочнаат градежните работи.“
Зградата на ова основно училиште е изградена во 1986 година, а во неа во моментов настава посетуваат 413 oсновци. За образовно воспитниот процес се грижи колектив од околку 40 -тина професори. Со постојаниот успех кој го постигнуваат нивните ученици и со реновирани простории ОУ „Кочо Рацин“ ќе го одбележи и престојниот патронат 22 Декември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град