ОУ „Кочо Рацин“ го одбележува својот патронен празник

Во година на светска пандемија на Ковид 19 изостана традиционалната прослава со училишни активности, приредби, хуманитарни саеми. Наставниот кадар и учениците годинава подготвија соодветни он лајн содржини.

 |   | 

ОУ „Кочо Рацин“ денеска го одбележува својот патронен празник. Во година на светска пандемија на Ковид 19 изостана традиционалната прослава со училишни активности, приредби, хуманитарни саеми. Наставниот кадар и учениците годинава подготвија соодветни он лајн содржини. На литературениот и ликовен конкурс, учениците од предметна и одделенска настава, од централното и подрачното училиште твореа на темата : „Јазикот е нашата татковина“ која произлезе од јубиулејните 75 години од создавањето на македонската азбука и усвојување на македонскиот правопис како столбови на нашиот мајчин македонски јазик.
Комисијата за литературниот конкурс, составена од наставничките по македонски јазик: Благица Мутлакоска, Фила Вероска Стојковска и Наташа Неданоска, за наградени ги избраа следниве литературни творби:

ТРЕТА НАГРАДА – Симона Димитриеска VII 2

ВТОРА НАГРАДА – Надица Тасеска VI 2

ПРВА НАГРАДА – Мартина Јосифоска IX 3

Комисијата за ликовниот конкурс, составена од наставникот по ликовно образование, Богоја Мојсоски и наставничката по одделенска настава, Љубица Чифлигароска, ги награди

Од ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА:

ТРЕТА НАГРАДА – Јована Ристеска III 3 одд.

ВТОРА НАГРАДА – Стефан Костоски III 3 одд.

ПРВА НАГРАДА – Марија Тасеска III 1 одд.

 

Од ПРЕДМЕТНА НАСТАВА:

ТРЕТА НАГРАДА – Сара Котеска VI 1 одд.

ВТОРА НАГРАДА – Надица Новеска VIII 1 одд.

ПРВА НАГРАДА – Иван Настоски IX 3 одд.

Нивните творби кои исто како и литературните творби се дел од електронскиот весник на училиштето. За весникот „Мугри“ оваа година како уредувачи беа задолжени: наставничката по македонски јазик, Фила Вероска- Стојковска и наставникот по информатика, Благоја Ристески. Електронскиот весник е прикачен на Facebook групата на училиштето и преку платформата Microsoft Teams ќе стигне до секој ученик и родител поединечно.
Оn-line патронатот беше заокружен со „Химна за Рацин“ подготвена од наставникот по музичко образование, Игор Стефановски со дел од учениците од хорот и оркестарот на училиштето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top