ОУ „Григор Прличев“ го одбележа Денот на ретките болести

Учениците од ОУ Григор Прличев испратија силна порака дека „ Ретко е да си редок! Но реткоста е особина која нè следи во животот, бидејќи само храбрите се ретки.“. Синоќа тие заедно со своите родители и вработени во училиштето  низ  интерактивни спортски активности се дружеа и едуцираа за ретките болести. Со тоа училиштето се вклучи во активностите за одбележување на Светскиот ден на ретки болести кои ќе бидат заокружени в сабота со хепенинг на градскиот плоштад.

 |   | 


ОУ „Григор Прличев“ со дружење низ игра помеѓу децата и родителите се вклучи во одбележувањето на  Денот на ретките болести. Во спортската сала на училиштето синоќа  ученици, родители и вработени се дружеа низ  интерактивни спортски активности но и се едуцираа преку  презентација за ретките болести изработена од  ученичките Матеа Стоев и Нина Стевоска.

„ОУ „Григор Прличев“ е секогаш подготвено да поддржува настани кога се во прашање ретките болести. Оваа година решивме на малку поинаков начин да го одбележиме Денот на ретки болести со интеракција помеѓу учениците, најмалите, односно првачињата заедно со нивните родители срочено во спортски игри. Интеракција, дружење, игра, забава , да им покажеме на ретките дека сме заедно со нив затоа што храбрите секогаш мора да ја имаат таа хумана страна. “ – кажа Ивана Маховска Шикалеска – директор ОУ Григор Прличев.

Гордана Лолеска од Здружението на лица ретки болести „Живот со предизвици“ посочи пред присутните на проблемите со кои се соочуваат овие лица, дека во светот постојат над 6.000 ретки болести, за само 5% од нив има некаков лек. Потребно е заедницата да се едуцира за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести, да бидат прифатени, да им се укаже помош и почит.

„Бевме сведоци на едно детенце од Австралија кое има ретка болест и беше поради тоа исмевано од своите врсници. Детенцето се бореше со тешка депресија и ја молеше својата мајка да му помогне. Затоа е важно лицата, децата со ретки болести, сите деца да се едуцираат за ретките болести за да им излезат во пресрет и да се научат да ги почитуваат различностите. Тука се и наставните кадри да помогнат но и самите родители.“ – кажа Лолеска.

Учениците од ОУ Григор Прличев чиј соученик  Марко Пејчиновски е пример за реткоста и храброста испратија силна порака дека „ Ретко е да си редок! Но реткоста е особина која нè следи во животот, бидејќи само храбрите се ретки.“
Активностите од кампањата за подигнување на свеста за ретките болести, ќе завршат во сабота, на 29ти февруари, кога ќе биде одбележан Светскиот ден на ретките болести со посебен хепенинг на Градскиот плоштад во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top