Во охридската чаршија деновиве кружи веста дека и кај нас како во земјите од опкружувањето се растура дрогата во вид на гуми за џвакање кои можат да се набават во кафулињата кои се собиралиште на младите.
Во охридската чаршија деновиве кружи веста дека и кај нас како во земјите од опкружувањето се растура дрогата во вид на гуми за џвакање кои можат да се набават во кафулињата кои се собиралиште на младите.
Од СВР Охрид смируваат дека нема ваква појава, но апелираат до сите институции поактивно да се вклучат во борбата против ова зло на денешницата.
Во Охрид има 342 регистрирани нарко зависници, но реалната бројка е за два пати поголема, велат од СВР. Од нив 219 се на марихуана, 111 на хероин, а 12 на кокаин. На возраст од 25 до 30 години има 75 зависници, а 156 се на возраст над 30 год. Старосната граница за жал се повеќе се намалува па допир со наркотични средства имаат и деца на 10 год. возраст. Во охридската чаршија деновиве кружи веста дека и кај нас како во земјите од опкружувањето се растура дрогата во вид на гуми за џвакање кои можат да се набават во кафулињата кои се собиралиште на младите.
Од СВР Охрид смируваат дека нема ваква појава и тврдат дека секојдневно спроведуваат акции за сузбивање на нарко криминалитетот. Во периодот од јануари до октомври оваа година одземени се близу 5 кг. различна и висококвалитетна опојна дрога од која близу 4 кг е марихуана. Одземени се и 26 стебла канабис сатива и поголема опрема која се користи за конзумирањена наркотична дрога. Во овој период од СВР Охрид поднесени се 18 кривични пријави против 22 сторители за вкупно 24 кривични дела. Во изминатиов месец охридските и струшките инспектори за борба против дрога пресекоа меѓународен шверцерски канал и одзедоа 4 кг висококвалитетна опојна дрога марихуана наменета за нарко пазарот во Скопје.
Портпаролот на СВР охрид, Стефан Димоски, вели дека сите заедно мора да се бориме против ова зло на денешницата. За таа цел е изработен проектот „Дрога, вистини и заблуди“ кој се спроведе во сите основни училишта во градов. Опфатени беа ученици од 5 до 8 одделение и нивните родители. Пред нив за прв пат јавно беа презентирани повеќе видови на дрога како и поголема опрема која се користи за конзумирање на наркотични средства.
Во борбата против дрогата неминовно е да се вклучат сите структури во општеството, особено педагозите и психолозите во училиштата, потенцираат од СВР Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град