Охрид сам ќе се грижи за управувањето со отпадот од градов. Можеби затоа општината тактизира околу донесувањето на Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Останува отворено прашањето за решавање на проблемот со отпадот во Југозападниот регион. Од ресорното министерство за ЖСПП информираат, дека според предвидениот план има осум регионални депонии, и секој регион донесува посебна одлука за регионална депонија. Од таму појаснуваат дека во најнапредна фаза во оваа проблематика се полошкиот и југоисточниот регион. Додека пак што се однесува до останатите региони, дел одлучиле за изградба на депонијата да ги искористат ИПА фондовите, а дел од нив, меѓу кои и струшкиот регион, сеуште немаат одлука кој концепт ќе го прифатат. Министерот за ЖСПП, Абдулаќим Адеми по се изгледа не е информиран дека управувањето со цврстиот отпад ќе се реализира со средства од ИПА фондовите.
„Токму регионот за кој сега зборуваме струшкиот регион, сеуште немаат одлучено кој концепт ќе го изберат, ние сме во исчекување на конечната одлука на општините. Понатаму ние како координатори ќе ги спроведуваме сите постапки. Битно е да кажеме дека тоа е надлежност на општините и општините треба да бидат малку поажурни поефикасни во спроведување на ваквите политики“. – вели Адеми.
Како што ТВМ веќе информираше на седницата на југозападен регион одржана на 24 ти февруари годинава, одлуката управувањето со цврстиот отпад да оди со средства од ИПА фондовите, едногласно беше прифатена од градоначалниците на југозападниот регион. Само Охрид сеуште нема дадено зелено светло за усвојување на оваа одлука. Во врска ова прашање првиот човек на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алче, појаснува дека Охрид нема потреба да се вклучи во проектот на Југозападен регион за управување со отпад, бидејќи за неколку дена најави промоција на локалниот проект „Охрид град без отпад“, каде е зацртано ЈП да отвори фабрика за преработка на отпадот од целата општина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град