Отворено ормарче за струја – опсно или не !!!

Струјно ормарче во Трговскиот Центар „Пазар“, неколку месеци стои отворено и незаштитено. Досега од страна на ЕВН не е преземено ништо  истото  да се обезбеди и да се затвори.

 |  Николоска Биљана  | 

 

До нашиот медиум стигна реакција, во која граѓани укажуваат дека во трговскиот центар „Пазар“, на бул. „Туристичка“, во Охрид, ормарчето каде се наоѓаат осигурувачите за струја на целиот комплекс не е заклучено, онака како што налагаат условите за безбедност.  

Ова ормарче за струја стои отворено и незаштитено веќе подолг временски период. Со тоа претставува потенцијална опасност за сите посетители на јавниот објект во кој се наоѓа ова разводно ормарче“ -велат граѓаните.

Која е постапката на надлежните од ЕВН да се погрижат со цел да обезбедат сигурност на посетителите на трговскиот центар „Пазар“, одговор побаравме од Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН. Тој во краткиот телефонски разговор рече дека ќе испратат екипа од ЕВН за да увидат за каков тип на струјно ормарче станува збор и доколку постои било каква опасност истата да се отстрани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top