Отворено 52-то издание на Фестивалот „Охридско лето“

Со метафората на идеалната љубов, вонвременското драмско дело на Шекспир „Ромео и Јулија“, се отвори 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

 |  Голабовски Крсте  | 
fakel
факел

Со метафората на идеалната љубов, вонвременското драмско дело на Шекспир „Ромео и Јулија“, се отвори 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Република Македонија и покровител на оваа најголема музичко-сценска манифестација кај нас, истакна дека овој фестивал повеќе од половина век претставува дом на македонската, европската и светската уметност, дом во кој реномираните уметници од целиот свет повторно се враќаат за да ги споделат своите моменти на инспирација со верната публика.

Gorge Ivanov„Уметноста го разубавува животот и ја облагородува душата. Секоја уметност бара храброст. Исто како и љубовта која во се верува, на се се надева, се поднесува и никогаш не пропаѓа. Таа е безвремена, како што е приказната за Ромео и Јулија. А безвремената љубов има потреба од безвремен простор. Простор кој ги поврзува минатото, сегашноста и иднината. И зарем има поприроден амбиент за славење на љубовта од овој вековен храм на уметноста. Храм во кој се облагородувале и ѓраѓаните на Лихнид“ изјави Иванов.

Мултимедијалниот спектакл, Руско-македонската „Ромео и Јулија“ на отворањето собра многубројна меѓународна екипа, составена од актери, музичари, балетски уметници, хористи, акробатска екипа од повеќе национални установи и гости од Санкт Петербург. На сцената својот уметнички израз го покажаа повеќе од 150 актери. Седумдесетина музичари во живо ја изведуваа музиката на Прокофјев, во придружба на неверојатната игра на балетските играчи и оперскиот хор, на „Македонската опера и балет“, а првпат во Македонија беа применети и 3Д-проекциите. Овациите и долгите аплаузи беа наградата за уметниците кои вчера на Античкиот тетар го изведоа татарскиот ораториум ,,Ромео и Јулија’’.

Romeo i JulijaШекспировата „Ромео и Јулија“ е метафора за идеалната љубов за сите времиња. Не по платонската чистота, туку по големината на таа љубов во која се жртвуваат себе си, се подаруваат во буквална смисла еден на друг. Големи во љубовта, Ромео и Јулија се поголеми од смртта. Љубејќи и двајцата изгоруваат, но не како жртви на љубовта туку на омразата. Во основа ова дело е лирска драма на љубовта. Лириката е основно обележје на ова дело, а неговата епска димензија лежи во големината на смртта, на жртвата и тоа не само како опис, туку и како длабока содржина. Инаку тетарскиот ораториум „Ромео и Јулија“ е во продукција на НУ фестивалот „Охридско лето“, Народниот театар од Битола, и во копродукција на Македонската опера и балет, „Театарот Вера Комисаржевскаја“ од Русија и „Народниот театар од Охрид“. Режијата и адаптацијата на овој прекрасен музичко сценски проект е на Дејан Пројкоски.

„Во Охрид дури и дождот е свет“, со овие зборови македонскиот драмски писател Јордан Плевнеш им се обрати на сите љубители на културата, кои повеќе од еден час трпеливо го чекаа отворањето на 52-то издание на фестивалот и вонвременската приказна за љубовта, онаа за Ромео и Јулија. Иако временските прилики синоќа си поиграа со нервите на организаторите, сепак отворањето не изгуби ни малку од својата грандиозност и спектакуларност. Љубителите на театарот, сериозната музика и културата воопшто, кои повеќе, кои помалку запознаени со програмата на овогодинешното издание на фестивалот, не се откажаа од намерата да го проследат несомнено културниот настан на годината.

Dejan LilicНа отворањето на фестивалот, покрај Претеседателот Иванов, беа и Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, голем број министри како и истакнати личности од културниот и политичкиот живот во земјава и градов. Повторно изостана присуството на првиот човек на градот Градоначалникот Александар Петрески, на отворањето на најголемата музичко сценска манифестација во земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top