Отворена линија кај Народниот правобранител за повреда на избирачкото право 0800-54321

Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-54321, а ќе функционира од 07:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.

 |   | 

Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-54321, а ќе функционира од 07:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Од Омбудсманот, исто така, информираат дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права – се вели во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Од Канцеларијата на народниот правобранител, исто така, потенцираат дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела и апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање. 

 

 

 

Извор/Канал5

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top