Отворен саем на училишни компании

На него се претставија 8 виртуелни компании со сосема различна дејност.

 |  Татјана Маленкова  | 
Saem na ucilisni kompanii
Саем на училишни компании

Се отвори саемот на училишни компании (Охрид 2011). На него се претставија 8 виртуелни компании со сосема различна дејност. На денешната свеченост  учениците од Економското училиште  од Охрид,  имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни од идејата, подготвеноста и реализацијата на замислените компании од страна на средношколците. „ Интензивно се подготвувавме за саемот на училишни компании. Она што требаше да го работиме во текот на целата година, ние го направиме за еден месец“, вели професорката која беше директно вклучена во организацијата на саемот Царева Цветаноска. Таа додава дека училишна компанија е виртуелана компанија која функционира во рамките по практична настава во четврта година и во која учениците оформуваат симулиран бизнис и од идеја до остварување на профит.

„ Имаме многу сличности со реалните компании. Единствената разлика е што не работиме со вистински пари. Доколку бизнисот пропадне . учениците не губат вистински пари , туку добиваат знаење“, вели професорката Царева Цветаноска.

Професорката Весна Карамитре пак открива дека учениците и професорите искуствата за организирање на саем ги црпеле од саемските госувања во Салзбург, Сараево и Будва. 2ние сме линк со кој ќе гарантираме за квалитетот на учениците кои слободно по завршувањето на ова училиште може да се вработат во реалноста.

„ Она што ме радува е тоа шо учениците работат на проекти, а со тоа ги презентираат способностите како тим, мрежно размислување, јазични способонсти“, вели Карамитре.

Директорот на средното општинско училиште Наум Рилкоски во своето обраќање упати пофални зборови за професорите и учениците кои со својата работа се погрижија целата манифестација да да се одржи на високо ниво.

Тој истакна дека со оглед на фактот што организаторите  на саемот имаа мал буџет за реализирање на овој проект, сепак финалниот прокт е повеќе од успешен.

Saem na u;ilisni kompaniiНа свеченота по повод отворањето на самот на училишни компании присуствуваа градоначниците на Охрид и Дебарца, Александар Петрески и Љупчо Којчиниски, советникот за образовние во локалната Митре Велјаноски и многу видни гости. Градоначалникот истакна дека локалната самоуправа вложувала и ќе вложува во образованието.

„ Оваа локална самоуправа секогаш вложувала и ќе вложува во образованието, како ни е една општина до сега. Добро е познато дека учениците од охридските училиште постигнуваат завидни резултати на сите натпревари на кои  што учествуваат“, вели градоначалник Петрески.

Инаку од учебната 2007/2008 год. во економските училишта во македонија со помош на Австриската агенција за развој, во рамките на проектот ЕКО НЕТ, имплементиран од КУлтар контакт встрија и во соработка со министрвото за образование и наука на Р македонија почна да се одвива проектот  „Училишни компанија“, која работи во рамките на часовите по практична настава за четврта година.  Проектот за економското образование е одлична мрежа, каде искуството го делат училиштата од регионот и надвор од него. Дел од тој проект е и Економското училиште од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top