Отворен камп за лица со дијабет

Наредниве десет дена, 24 лица со дијабет, на возраст од 14-18 години ќе престојуваат во Охрид.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Едукацијата е главната цел на овој камп, за кој организаторот Лајoнс Клуб „Вардар“ ги има обезбедено сите услови меѓу кои и најважниот,  24 часовната грижа од страна на компетентен медицински персонал.

деца дијабетичариЛајонс Клубот „Вардар“ со подршка на Охридските лајонси, по втор пат организираат камп наменет за лица заболени со дијабет. Деца на возраст од 14-18 години од Република Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, наредниве 10 дена ќе бидат едуцирани во правилното справување со дијабетот, болест која годиниве бележи енормен пораст.

Организаторите на кампот велат дека од година во година превземаат се поголеми чекори да им помогнат на лицата со дијабет. Претседателот на Лајонс Клубот „Вардар“ Горан Неловски, до година очекува и интернационална подршка на „Лајонс Интерешнал“ од Чикаго.

Во борбата за дијабет своја заложба има и Лајанс Клуб Десарети од Охрид. Од таму велат дека и понатака континуирано ќе ги следат сите активности во борбата против ова зло.

Медицинскиот тим при општа болница од Охрид и годинава е вклучен во кампот за лица со дијабет. Зоре Димоска вели дека поучени од минатата година, и овој пат очекуваат едукацијата за справување со дијабетот да биде успешна. И лицата со дијабет се оптимисти.

Ендокринолозите задолжени за 24 часниот третман на лицата со дијабет, велат дека целта на едукацијата е да се разбере дека дијабетот не треба да се крие, туку да се пристапи кон правилен начин на справување со истиот. И докторите од Косово го делат ваквото мислење.

Во програмата на летниот камп на лицата заболени од дијабет, покрај едукативниот дел, предвиден е и социјален и културен дел, а секако ќе ја искористат и можноста да уживаат во убавините на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top