Отворен елитниот објект на АДОРА Инженеринг

Само делата се вистина. Под ова мото 10 години успешно работи  градежната компанија АДОРА Инженеринг. Вчера на големиот национален празник Илинден свечено беше пуштен во употреба елитниот станбен објект на Билјанини Извори, во изведба на оваа компанија.

 |  Николоска Биљана  | 
cifliganec
чифлиганец

Продолжува приказната на Чифлиганец и АДОРА Инжинеринг во Охрид. Вчера, на големиот празник Илинден, со пригодна свеченост, во употреба беше пуштена стамбената зграда во Билјанини Извори, сместена на самиот влез во Националниот Парк Галичица. Нина Кепеска, портпаролот на компанијата истакна дека во објектот е вграден трудот на тимот на Адора инженеринг.

„Многу често охриѓани велат дека ова е најубавата градба во Охрид многу препознатлива, вклопена во амбиентот на многу добра позиција и што е најважно се краси со врвен квалитет според сите светски стандарди им нуди на станарите квалитетен економичен и среќен живот“.

cifliganec„Да се множат ваквите инвестиции во Охрид“, порача градоначалникот Александар Петрески, кој беше почесен гостин на отварањето на објектот. Додаде, оти ова треба да биде поттик и за другите изведувачи во градот и Македонија.

„Ние овде му го дадовме срцето, душата на Ванчо  Чифлиганец, му дадовме да гради тука во Охрид, изгради еден од најдобрите објекти по сите стандарди“.

„Ние во АДОРА Инженеринг имаме трет Илинден, годинава  славиме 10 години работа со висока градба со елитни станови во градежништвото“, истакна првиот човек на компанијата Ванчо Чифлиганец. Тој се заблагодари на сите субјекти во земјава кои се во ланецот на градежништвото, а посебно до релевантните структури во општина Охрид предводени од градоначалникот Петрески. Чифлиганец одговорно тврди деке за изградба на овој елитен објект не се штедело во време, енергија и средства, за безбедност на идните корисниците на становите.

adora zgrada„На ова тло што газите е стабилно, верувајте 13 месеци нашите геометри мерат не можат да совладат ниту милиметар ни вертикално ни хоризонтално се наоѓаме на најстабилниот тенер Бејбунар и останатите згради на Билјанини Извори“.

Гледано и од архитектонското око на одговорната на Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска, објектот го заслужува  епитетот елитен.

„Уште при самата изградба начинот на кој што се градеше, квалитетот со кој што беше изведен, примената на сите потребни стандарди на квалитет треба да претставуваат пример како треба во Охрид да се гради“.

На свеченото отварање на станбената зграда, Чифлиганец, на семејството Цветанови им го врачи клучот од нивниот стан. Присутните гости од јавниот и општествениот живот на градот, имаа можност да го разгледаат објектот. Припадничките на понежниот пол добија поклон шешир, со заштитниот знак на фирмата. Инаку овој објект има 90 функционални станови и 120 подземни паркинзи, со пристап од четири влезови обезбедени со видео надзор. Објектот никна за околу една година, за кој вкупната инвестиција е околу 10 милиони евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top