Денешниот ден е одлучувачки за многу матуранти каде понатака ќе се образуваат. На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа отворен ден со матурантите, а воедно беше отворена и новата кетеринг програма, што оваа установа ја нуди на охриѓани.
Денес ФТУ Охрид ширум ги отвори вратите за матурантите. Идните студенти имаа можност да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми за кои би се определиле, како и со лабораториите со кои располага оваа високообразовна установа. Матурантите сеуште во дилема каде понатака.
„Сега за сега сеуште не сме одлучиле. ФТУ има добри услови за учење и за надвор од државата“ – велат матурантите.
Но затоа пак оние кои веќе студираат на ФТУ со пофални зборови кон установата и условите која истата им ги нуди.
„Ние сме студенти. Нека се запишат, факултетот е супер професорите се добри со нас соработуваат со нас. Најважниот дел е тоа што факултетот на студентите им нуди многу практична настава“ – велат студентите.
Годинава за прв пат ФТУ организира отворен ден со матуранти, нагласи продеканот на факултетот проф Цветко Андреевски.
„На овој начин мислиме дека идните студенти најдобро ќе можат да се запознаат со факултетот со студиските програми со просторните можности но и со техничката опременост на факултетот како и со можностите за нивна мобилност размена со други странски универзитети, можност за збогатување на нивното теоретско знаење со практично знаење со клиничка настава и на таков начин полесно ќе можат да ја донесат одлуката за избор на соодветната студиска програма“ – нагласи Андреевски.
На отворениот ден со матурантите на ФТУ присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Тој истакна дека денешниот ден за многу матуранти е одлучувачки за избирање на ФТУ како институција каде ќе го продолжат своето образование. Бакрачески посебно ја истакна соработката со факултетот изминатава година, која според него е на многу високо ниво, што како резултат на тоа никнале многу иницијативи.
„ФТУ е една од врвните високо научни и образовни институции во Р. Македонија кој е расадник на врвни професионалци од областа на туризмот и угостителството што за нас како Локална самоуправа е важна алка во подобрување на квалитетот на услугите во делот на туризмот и угостителствот во Охрид како една од носечките стопански гранки на градот“ – истакна Бакрачески.
Во ФТУ денес беше отворена и новата кетеринг порграма. На трпезата се најде луксузен и класичен кетеринг, како би можеле сите граѓани да си го одберат своето мени, рече проф. др. Ангела Василеска од оваа установа.
„Денеска се чуствувам среќно и исполнето бидејќи сме домаќини на една ваква голема манифестација, посебно сум среќна што во нашиот хол се почуствува голем џагор и се надевам дека тоа ќе биде континуирано во целата година ќе имаме многу студенти и после долга најава еве ја отворивме новата кетеринг програма која што сметаме дека добро ќе функционира. Во овој момент сакам да изразам голема благодарност до општината и до градоначалникот кои што ја почуствуваа нашата енергија и нашиот ентузијазам и континуирано не поддржуваат“ – потенцираше Василеска.
Инаку, денес во факултетот се делеше и промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти. Матурантите беа пречекани од раководителите на студиските програми, менаџментот на факултетот, како и од соработници и членовите на студентскиот парламент. На отворениот ден со матурантите покрај богатата шведска маса беше организирана и забава за присутните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град