Отворен бизнис центар на ПроКредит банка

ПроКредит банка отвори бизнис центар  кој на клиентите ќе им нуди висококвалитетна, брза и ефикасна услуга. Целна група на оваа банка е бизнис заедницата, агроклиентите и кредитите за население, кои се наменски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Otvoranje
Отворање на бизнис центарот на ProCredit Bank

logoВисококвалитетна, брза и ефикасна услуга на едно место. Синоќа во Охрид пријателите на ПроКредит банка присуствуваа на свеченоста по повод отворањето на бизнис центарот.

„ Она што ја одбележува работата на ПроКредит банка покрај постојаното активно работење, нудење на нови, подобри, поквалитетни  услуги за клиентите, како новина можеме да го издвоиме и воведувањето на нови производи, бизнис пакети за многу мали и средни претпријатија, каде ги кредитираме со намалени каматни стапки. Агрокредитирањето продолжува да биде составен дел на ПроКредит банка со тоа што тука има доста индивидуален пристап“, вели менаџерот за корпоративни клиенти, задолжен за Југозападниот дел на Македонија, Даме Клечкароски.

Otvoranje

Целна група на ПроКредит банка е бизнис заедницата, агроклиентите и кредитите за населението кои имаат исклучиво наменска природа, поточно, кредити за станбен простор и станбени кредити. Менаџерот за корпоративни клиенти, задолжен за Југозападниот дел на Македонија, со задоволство истакнува дека Банката секогаш нуди нешто ново за своите клиенти и дека секогаш се прилагодува зависно од условите на пазарот.

„ Последна новина која ја воведовме е кредитната линија за поддршка на ликвидноста, односно, 100.000 евра со рок на одобрување до 48 часа.  Вреди да се споменат новитетите во агрокредитирањето. Остануваме активни во тој дел на пазарот со тоа што нудиме индивидуален пристап со грејс период“- вели Клечкароски.

„Не се плашиме од конкуренцијата. И покрај тоа што сме најмлада банка во Македонија, ние сме препознатливи“– порачува Клечкароски.

Gradonacalnik

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, во својот говор истакна дека локалната самоуправа и ПроКредит банка досега имаат направено неколку заеднички проекти во интерес на градов.

Инаку, ПроКредит банка на пазарот во Македонија работи активно 7 години, а во Охрид 5 години. За овој краток период, менаџерскиот тим успеа да ја искачи оваа банка на 5та позиција на ниво на банкарскиот сектор, па може да се каже дека на овој начин влегуваат во ниво на средни банки, со моментално кредитно портфолио од околу 145 милиони евра и депозитно од околу 140 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top