Иницијативата веќе три години се провлекува, вели муфтијата …. Факт е дека на градот повеќе од потребно му беше еден ваков објект кој ќе се употребува за повеќе верски намени, додава тој.
Муслиманската капела се гради согласно законот за градски гробишта, вели Драган Пандески, координаторот на ЈП Градски гробишта. Таму стои дека во секое населено место со над 5 000 жители неопходна е изградба на ваков објект додава тој.
Муслиманската капела ќе се гради по Европски стандарди, со сите пропратни содржини. За нејзина изградба ќе се вложат средства од над 100 000 евра. Истата ќе биде голема околу 220 квадратни метри вклучувајќи го тука и дворното место. Според најавите на градоначалникот Петрески и советникот Усеини муслиманската капела до на пролет треба да биде готова.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град