„Од отпад до кеш“

ОУ „Св. Климент Охридски” Охрид активно учестува во многубројните еколошки проекти.

 |  Голабовски Крсте  | 
proekt
проект

 

ОУ „Св. Климент Охридски” Охрид активно учестува во многубројните еколошки проекти. „Од неодамна тоа стана и дел од проектот „Од отпад до кеш : Одржив развој и економско зајакнување на неформалните собирачи на отпад преку рециклирање на отпадот во прекуграничниот регион со Албанија”.

proektДенес училиштето беше домаќин на студиската посета на претставниците од Република Албанија, учесници на овој проект. Учениците и вработените им ги презентираа на гостите многубројните  активности во рамките на еколошката едукација на учениците, а посебно ги истакнаа своите проекти за селекција на отпадот и рециклирање на старата хатрија.

Инаку, овој проект е дел од Програмата на Европската Унија за меѓуграничната соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија и е финансирана од Европската Унија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top