Превозниците од Тиквешијата носта квалитетно грозје, но револтирани се на Власта која во моментов диктира ниски цени и грозјето го остава само за домашно производство.
Превозниците од Тиквешијата носта квалитетно грозје, но револтирани се на Власта која во моментов диктира ниски цени и грозјето го остава само за домашно производство.
Добро грозје предуслов за добро вино. Винаријата во Охрид годинава по се изгледа ќе ги надмине очекувањата на откупот на грозје. Деновиве на ул. „Железничка“, редови на превозници, чекаат дури и по три дена за да истоварат во охридската винарија. Првиот човек на охридската винарија Миле Степаноски, вели дека искористеноста на капацитетите годинава ќе бидат искористени 99%, и до овој момент нема никаков проблем ниту со добавувачите на грозје ниту во процесот на преработка.
Превозниците велат дека лесно е да се произведе грозје, но неговата продажба во денешно време е макотрпна, посебно во местата каде што луѓето егзистираат од лозарството. Темков Борис од Кавадарци вели дека во Охрид добро оди со откупот на грозје, но на државно ниво очигледно е дека одговорните не водат сметка за гроздоберачите.
Интересот за охридската винарија е голем, и не може да одговори на сите добавувачи вели Степаноски. Тој додава дека тие се капка во споредба со големите винарии како што се тоа во Тиквеш и Неготино, и признава дека состојбата во лозарството е алармантна.
Годинава со откуп на осум милиони килограми грозје, охридската винарија ќе произведе седум милиони литри вино. Традиционалното црно и бело вино произведено од винарија Охрид и годинава има сигурен пласман во Р.Србија и Војводина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град